Сите знаеме дека лимонот е една од најкорисните намирници на планетата. Нè штити од многу болести и со право може да се нарече супер храна.

Тој е полн со хранливи материи, вклучувајќи биофлавоноиди, пектин, фолна киселина, витамини Ц, А, Б1 и Б6, калиум, калциум, магнезиум, фосфор и манган.

Поволно делува на црниот дроб, цревата, желудникот, имунолошкиот систем, но и нервниот и кардиоваскуларниот систем, пишува НМД.мк

Ако редовно јадете лимон, можете да се заштитите од болести како што се б олки во грлото, бронхитис, грип, настинка, артритис, висок кр-вен притисок, бактериски инфекции, камења во бубрези, камења во жолчката, но и рак.

Можете да го вклучите лимон во вашата исхрана на повеќе начини, но дали знаевте дека лимонот помага и при б олки во зглобовите?

Така е, денес ви претставуваме рецепт за ублажување на б олката во зглобовите со кора од лимон. Прво, треба да излупите два лимона и да ја ставите кората во тегла, а потоа да ја прелиете со 500 мл маслиново масло.

Се подразбира дека лимонот не треба да е прскан со хемикалии. Затворете ја теглата и оставете ја да отстои на топло две недели. По две недели, можете да го прелиете вашето лековито масло на чиста газа и да го ставите на б олниот зглоб.

Потоа облогата фиксирајте ја со пластична кеса над неа. Направете го тоа навечер и оставете да делува преку цела ноќ. Треба да се чувствувате многу подобро следното утро. Прочитајте го и следниот рецепт на нашата читателка Марија, кој со голема ефикасност и помогнал да се ослободи од ревматските тегоби:

Рецептот е од нашата читателка Марија која несебично го сподели за читателите на НМД.мк.

„Имам еден лек за реума и шилци. На доктор не сум била откога го користам. Рецептот ми го даде пријател на сопругот, а лекот навистина многу е ефикасен. Служи само за надворешна употреба! Напомена: Не се пие! Туку надворешно се мачка или се става како облога.

Потребни состојки: 1 литар домашна ракија, посилна, околу 50 степени, 3-4 гранчиња рузмарин (20-30 см должина), 10 апчиња аналгин, 10 апчиња ацетисал, 5 грама ментол кристали (од аптека)

Постапка: во едно пластично шише се става домашна ракија (околу 50 степени, посилна да биде). Во неа се става исечканиот рузмарин или ако сакате, може и цели гранчиња.

Потоа се додаваат 10 издробени апчиња аналгин и уште 10 ацетисал. На крај се додава 5 грама кристали купени од аптека. Во кутивчето се 10 грама, а вам за оваа доза ви се потребни 5 грама, значи половина кутивче.

Шишето се става на прозор да отстои 30-40 дена, а секојдневно мора да се протресува за убаво да се растворат состојките. Потоа може да се користи само надворешно. Се мачкаат раце, нозе, грб и сите болни зглобови или места каде што се формирале шилци.

После мачкањето мора добро да се облечете за да се загрее телото, а ова најдобро е да се направи пред спиење, кога телото природно се одмора и закрепнува. Б олното место може да се завитка со компресивни завои, волнен шал и слично.

Пред две години за првпат почувствував многу силни б олки во нозете и не можев да одам. После десет дена мачкање со овој лек, СЕ ДИГНАВ“.

Коментар на Тодорка Петковска: „јас го користа долги години, но мојот рецепт е малку поинаков: На 500 мл ракија се ставаат 5 апчиња андол и цело кутивче ментол кристали од 10 г. Го користам за секаква настинка и кога некој има температура го ма-сирам со неа.

При затнат нос ставам на салветка под носот за веднаш, по една секунда вди-шување носот се одзатнува. Така што овој лек се користи за секаква настинка и б олки во вратните прешлени.”