Таан алвата изворно претставува вид на слатка која потекнува од Арапските земји, но се смета дека е турски производ. Како десерт најмногу се приготвува во Босна и воопшто на целиот Балкан, Северна Африка, и Централна Азија.




На Балканот најчесто ја среќаваме онаа која се приготвува од сусам, а ја има и во Европа и Америка, а приготвено од жито може да се сретне во Иран, Пакистан и Индија, како и алва со јајца и шеќер карактеристична за Грција и Турција.




Оригинално се прави од таан (мелено семе од сусам), мед (може и обичен шеќер, гликозен или фруктозен сируп) и растително масло. По желба може да се додаде ванила, какао, ‘фстаци, ореви, лешници, суво грозје итн., а можете да си направте и црно кафе кое одлично одговара со овој десерт.




Семето од сусам содржи незаситени масни киселини, белковини, Витамин Е, Б во форма на никотинска киселина, минерали како калциум, калиум, магнезиум, фосфор и железо.

Исто така содржи и лецитин кој одлично делува врз нepвните клетки и нepвите во мозокот, овозможува полесно излачување на токcини преку кожата, ја подобрува циркулација и поволно делува на работата на ендокpините жлезди. Ја подобрува циркулација и делува на општото подобрување на целиот организам.




Таан алвата се препорачува против желудочни тегоби и проблеми со штитната жлезда, но и за луѓе кои cтpaдаат од xpоничен замор и кои имаат проблеми со концентрацијата. Поради присутните незаситени масни киселини се препорачува како превенција и помош при лекување на атеросклероза, бидејќи помага во разградување на наcлагите од холестерол во артериите.




овојпат ќе ви претставиме два рецепти кои се најблиску од оној изворниот. Многумина си мислат дека алвата се приготвува од брашно, но вистината е дека се приготвува од таан (тахини) што всушност е еден вис паста или сос добиен од семето на сусамот. Еве што ви е потребно:




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 280 г шеќер, 10о мл вода и 340 г таан (тахини). ПОСТАПКА: Во тенџере сварете ја водата со шеќерот, намалете ја температурата од моментот на зовривање и гответе додека тој да се растопи целосно.




Кога сирупот ќе почне да врие тргнете го од оган/рингла, па додајте го таанот со непрекинато мешање. Смесата мешајте ја додека целосно да се соединат двете состојки и да се инкорпорираат една во друга (треба да стане кремаста).




Еден правоаголен калап обложете го со хартија за печење, излејте ја во него добиената алва, протресете, израмнете и оставете да се олади. Кога ќе стане доволно цврста, завиткајте ја во хартија а потоа и во стреч-проѕирна хартија и оставете ја во фрижидер да отстои преку цела ноќ.

После тоа одвиткајте ја фолијата, исечете парчиња со посакуваната големина и послужете. За вториот рецепт, исто така, потребни ви се три состојки:




РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1/3 ладно цедено сусамово масло, 1/3 мед, 1/3 мелени ореви. Или едноставно, користете еднаква количина од сите три состојки. ПОСТАПКА: Во дрвен сад, со дрвена лажица лесно соединете го сусамовото масло и медот.




Мешајте додека да се соединат двете состојки во компактна смеса. Кога ќе се добие убава паста, додајте ги претходно сомелените ореви и повторно внимателно соединете. оревите е најдобро да се додаваат на неколку наврати за полесно да се измеша. Понатаму постапката е иста како и кај првиот рецепт.