Оревовача со најдобар вкус, здрав и одличен ликер за јакнење на одбранбениот систем

Фото и рецепт: Душка Д.

Под рецептот има видео за постапката на приготвување на ликерот.

Потребни состојки:

Loading...

1 литар ракија (комова)
2 ванилин шеќер
350 г шеќер
10 зелени оревчиња
1 тегла

Постапка:

Во стаклена поголема тегла ставете ги оревчињата кои претходно сте ги преполовиле. Носете заштитни ракавици за да не си ги офарбате рацете.

Во теглата со оревчињата додадете го ванилиниот шеќер, шеќерот и ракијата.

Затворете ја добро теглата и оставете ја да стои 40 дена на сонце со секојдневно промешување или протресување за да се растопи шеќерот.

Ликерот од ореви, уште познат и како оревовача, во народната медицина веќе со години се користи како природен лек за штитната жлезда и дигестивни проблеми.

Рецептот за негово приготвување може да се најде во манастирските записи, бележниците на старите билкари, како и во хрониките на некогашните аристократски куќи, бидејќи со векови служел како универзален тоник за здрав стомак.

И денес за многумина претставува “прва помош” за желудочни проблеми и како природен лек против анемија и јакнење на крвта.

Се приготвува овој период од млади, сè уште зелени оревчиња. Недозреаните плодови од орев со мека средина, се природно богатство на витамин Ц и јод.

Освен витамин Ц и јод, оревите содржат повеќе од 50% на масла, незаситени масни киселини, белковини, аминокиселини, минерали, јагленихидрати и во мали количества од витамините Е и Б6.

Фото и рецепт: Душка Д.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото:

Loading...