Доктор од Универзитетот во Флорида, Ашиш Дешмух, вели дека ХПВ вирусот во телото на мажот се задржува подолго и остава поголем ризик за појава на канцер. Покрај тоа, истражувањата покажуваат дека мажите од модерното време повеќе ги задоволуваат орално нивните партнерки отколку тие нив.
ХПВ е сериозен вирус кој може да предизвика малигно заболување на репродуктивните органи и на анусот. Дури 79 милиони луѓе во САД се носители на овој вирус, а дури 80% од британската популација во одреден момент се среќава со ХПВ, пишува Дејли Мејл.
-Постојат релевантни докази дека мажите се посклони на орални инфекции отколку жените. Исто така, вирусот кој се појавува во телото на мажот е поотпорен од оној со кој се соочуваат дамите – наведува доктор Дешмух.
Американските лекари апелираат, сексуалниот контакт по орален пат да се сведува само на лица за кои со сигурност се знае дека не се носители на ХПВ вирус. И покрај фактот дека на младите им се достапни вакцините против ХПВ, насловните страни се преполни со приказни за лица кои после вакцинирањето завршиле со тешки здравствени проблеми против несаканите дејства на вакцината. Тука пред се’ се мисли на парализа и синдром на хроничен замор.
Сепак, од Универзитетот во Оксфорд велат дека ризиците од негативни појави се многу мали и на своите пациенти им советуваат да се вакцинираат.