-Редовното консумирање на пченка го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.
Ако сакате да ги исфрлите сите нездрави закуски и ви недостига замена за нив, зошто не пробате со варена пченка? Оваа намирница не само што е вкусна, туку е и исклучително здрава, а притоа нискокалорична.
Нутриционистите ја препорачуваат како составен дел од секое мени, бидејќи списокот на нејзините благотворни својства е многу долг.
Поради големата содржина на растителни влакна, пченката е одличен диуретик, го забрзува метаболизмот и го намалува холестеролот. Помага и при заболување на желудникот, бидејќи ги ублажува симптомите на гастритис и чир, а значително ја намалува и ждригавицата.
Богатството од витамините Б-комплекс го има ефектот за намалување на хомоцистини во крвта кои ги оштетуваат крвните садови, па редовното консумирање на пченка го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.
Студиите покажуваат дека спречува анемија, ослободува од болки во мускулите, ублажува депресија, ја подобрува концентрацијата, го јакне нервниот систем…
За разлика од повеќето намирници кои со термичка обработка ги губат дел од здравите состојки, со варење или печење на пченката незначително се уништува само витаминот Ц, но истовремено се ослободуваат молекули со антиоксидативно дејство, со што се зголемуваат нејзините моќи