Home природна козметика Црн мевлем: маска од природни состојки која ги брише годините од лицето

Црн мевлем: маска од природни состојки која ги брише годините од лицето

Дали сакате блескав тен без брчки? Тоа е сон на секоја жена, а еве како тоа да го постигнете на целосно природен начин. Испробајте го црниот мевлем. Во што се крие неговата тајна?

Тајната на црниот мевлем се состои во природните состојки: масло од семки од тикви и пчелин восок.

Во истражувањето „Физичко-хемиски својства на маслото од семки од тиква и лекувањето на акни“ се анализирал ефектот на ова масло врз кожата и неговата делотворност против акутни и хронични процеси на кожата.

Во истражувањето се прикажани фотографии од луѓе пред и потоа и евидентно е подобрувањето на кожата на лицето само после три третмани со маслен екстракт и тоа во 95% од случаите.

АНТИЕЈЏ ЕФЕКТ

Маслото од семки од тиква е многу богато со антиоксиданти кои го успоруваат процесот на стареење на кожата и има високо ниво на масни киселини. Овие хранливи супстанции ја штитат кожата од оштетување и ја зголемуваат нејзината еластичност.

Количеството на витамин Е во маслото од тиква е исто така доста високо, а токму тој витамин е познат како „витамин на убавината“.

Ја прави кожата мека и мазна. Ако сакате да имате кожа како на бебе, ова масло ќе ви даде најдобар ефект. Може да се користи за сите типови на кожа.

<

Го изедначува тенот на кожата

Драгоценото масло од тиква го изедначува тенот бидејќи е богато со витамините А, Ц и Е, за кои е познато дека поттикнуваат создавање на здрави клетки на кожата.

РЕЦЕПТ ЗА МАСКА

Потребни состојки:

1 лажица масло од семки од тиква
1 полна лажица мед
2 лажици шеќер
½ шолјичка јогурт

Постапка:

Сите состојки што подобро измиксајте ги, а добиената маска нанесете ја на чисто лице и оставете да делува 10-20 минути. Подоцна исплакнете со млака вода, исушете го со нежно тапкање со памучна крпа и нанесете хидрантен крем за лице.

За хидрирана, мека, сјајна, блескава кожа користете ја оваа маска барем еднаш седмично.