Стомачните тегоби, дијареата и повраќањето се најчестите проблеми кои се јавуваат во текот на летото. Иако секогаш постои сомнеж дека станува збор за стомачен вирус кој е присутен во овој дел од годината, неретко ваквите здравствени проблеми може да бидат предизвикани и поради пад на имунитетот, неадекватна исхрана, но поради cтpec.




Бисерка Обрадовиќ, специјалист по општа пракса, објасни дека постојат повеќе од 60 видови адено вируси кои предизвикуваат стомачни тегоби во овој период од годината. Меѓу другото објасни и како да се заштитиме и како да ги олесниме тегобите.




Овие вируси може да предизвикаат стомачни тегоби или болка во грлото со покачена телесна температура, а симптомите во голема мера потсетуваат на полесен облик на грип. Кај нашиот народ ова обично е познато како „настинка“.




Она на што забораваме е дека во овој период од годината имаме тони свежо овошје и зеленчук, а на нив ни текнува дури кога ќе дојдат проблемите. Имунитетот се гради и се одржува преку цела година, па секому треба да му е јасно дека преку ноќ ништо не може да се направи.




Голем број луѓе се склони во текот на летото да конcyмираат енергетски напитоци и кафе, како и зашеќерени газирани пијалаци полни со кофеин, а тоа за организмот претставува дополнителна боp-ба со ток-cините покрај соочувањето со вообичаените бактерии и вируси, објаснува докторка Бисерка Обрадовиќ.




Кога станува збор за стомачните вируси, високо на списокот со приоритети е одржувањето на хигиената на устата. Докторката објасни дека честото испирање на устата и миењето заби е најдобрата превенција.




„Ние во нашата уста имаме повеќе бактерии отколку во тоалетот. Има и добри и патогени, но основната работа е одржувањето на чистотата во нашата уста. Стомачните тегоби се јавуваат бидејќи имунитетот опаѓа поради неправилна исхрана и недостиг на физичка активност. Физичката активност е најдобриот лек за сè“, додаде д-р Обрадовиќ.




Кога ќе дојде до проблеми со стомакот (дијареа или повраќање) процесот на излекување може да трае подолго само поради неадекватно лекување. „Сè зависи од начинот на лекување. Најголема улога во лекувањето на стомачниот вирус е исхраната. Треба да се исфрли млекото и млечните производи, свежото овошје и зеленчук.




Додека трае дијареата треба да се јаде: варен ориз, двопек и варен зеленчук. Кога дијареата ќе се потсмири, тогаш се воведуваат супи од кеса, банани, печено јаболко, варено пилешко и риба, никако пржено. Бидејќи ние и натаму сме под воспаление, таквата храна е како сол на paна и само дополнително би го вознемириле дигестивниот тракт.“




Во случај на повраќање треба да се води сметка за хидратацијата на организмот и внесувањето на течности. „Сè додека се повраќа храната, не треба да се користат лекови кои ги смируваат желудочните проблеми, бидејќи условно кажано, ќе ја пренесеме затpyeната храна во цревата, а потоа ќе се предизвика дијареа.




Дури кога ќе ја исфрлиме храната која прави проблем, тогаш треба да се воведат лекови. Течности се внесуваат на лажичка и тоа едн лажичка течност на секои 10 минути. Пробиотиците се задолжителни и не можете да се предозирате од нив. Можете да ги користите во текот на цела година и цревата за тоа ќе ви бидат многу благодарни.

Со пробиотиците додаваме само добри бактерии, оние кои му се потребни на стомакот“, заклучува доктор Бисерка. Бисерка Обрадовиќ беше прогласена за омилена докторка од страна на нејзините па.циенти.

фото: Илустрација