Оксимел претставува напиток направен од внимателно смислена комбинација од мед, билки и овошје натопени во јаболков оцет. Има големо антибактериско дејство. Киселоста од оцетот помага да се апсорбираат хранливите материи во течноста, со што се добива напиток кој може да се консумира и превентивно против вируси и настинки.

Помага во заздравувањето и регенерацијата на оштетените ткива. Се смета за “лековита лимонада” со зачинет, лут вкус.

Може да се дава на деца (со консултација на лекар), по 1 лажичка на ден со или без лутите пиперки. Лутите пиперки може да се заменат со црн пипер. Возрасните консумираат по една супена лажица со чаша вода. Може да се става и како облога на болни места, бидејќи има способност да ја “извлекува” болеста.

Потребни состојки: свеж корен од рен, ѓумбир и куркума, 1 главица лук, 2 главици кромид, 2 портокали, 1 голем лимон (или 2 помали), 1 лимета, 3 лути црвени пиперки (најлути што можете да ги најдете), 1 рака оригано, мајчина душица и рузмарин, (одокативно), 2 литри јаболкова киселина (домашна), 1 кг мед

Постапка: Сите состојки добро измијте ги под млаз ладна вода. Лимонот и портокалот може да се стават со кора доколку претходно отстојат во раствор од сода бикарбона и вода. Исечете ги сите состојки на помали парчиња и складирајте ги во чиста, стаклена тегла.

На крајот ппрелијте ги состојките со јаболковиот оцет, да бидат покриени еден прст, по потреба ставете решеткас, пластичен потискувач и добро затворете. Се остава да “зрее” на темно и суво место најмалку 3 седмици до 1 месец со секојдневно протресување. Потоа процедете и чувајте во добро затворен сад, на ладно и користете по потреба. За НМД.мк текстот го приготви Мартина Христовска.