Доколку се сеќавате, порано зимите беа многу постудени отколку последниве неколку години. Постарите генерации сигурно се сеќаваат на снегови од по еден метар и снежната белина, детските игри кои траеја со часови, санкање и валкање..

Снеговите траеја и по месец, два…до пролет. Секоја Нова Година имаше снег, а последниве години, за жал, снегот е ретка глетка. Веќе ја нема онаа снежна белина поради загадувањето, па дури и да падне малку снег, веднаш се топи или се меша со дождот, па се претвора во каша. Меѓутоа, иако последниве зими најчесто се благи, сепак има периоди кога температурата паѓа доста под нулата и многумина страдаат од т.н. сув студ.

Метеоролозите за оваа година предвидуваат доста поладна зима за разлика од изминатите неколку, па се надеваме дека ќе има и повеќе снег, а според нивните прогнози и поладно време.

Ова на многумина не им се допаѓа, бидејќи тоа значи дека мора да се набави повеќе огрев, да се плаќаат повисоки сметки или оние кои се греат на струја мора да плаќаат повисоки износи за електрична енергија.

Многумина денес се греат на градско греење, но колку што имаат благодети, толку имаат и проблеми поврзани со тоа. Имено, секоја зграда си има своја пумпа и различно се регулира испуштањето на топлина, па така се случува цели вертикали да се смрзнуваат и покрај централното греење.

Една од предностите на централното греење со јаглен или пелети е тоа што сами можете да ја регулирате температурата и да си ложите по потреба, па ако ви е потребна потопла просторија, само наложете повеќе јаглен или пелети.

Луѓето кои се на градско греење многу често имаат проблем со лоши радијатори или инстаации, а немаат средства да го менуваат тој систем.

Една госпоѓа од Британија се досетила на еден едноставен, но генијален трик за тоа како топлината да не се губи во ѕидовите, туку да се одбива во просторијата.

Имено, на голема плоча од картон таа залепила алуминиумска фолија и го ставила зад радијаторот, па веднаш забележала дека просторијата двојно повеќе е затоплена, а со самото тоа, следниот месец и дошол и двојно помала сметка за плаќање.

Трикот е генијален и не чини многу, а вреди да се испроба.