Летото пристигна, како и микробите и другите непријатности кои одат заедно со високите температури. Инфекциите, кои се нормална појава и кои ги следи зголемената температура, можат да бидат благи, но и смртоносни. Деновиве многу се говори за опасноста од крлежите и комарците и болестите кои тие може да ги пренесат на луѓето и животните. Редовно ги има во пролетните и летните месеци, па затоа и опасноста од нив е поголема во овој период.

Што е Лајмска болест (Lyme disease) и кој ја предизвикува?

Лајмската болест е мултисистемско заболување кое има субакутен и хроничен тек, а го предизвикува бактеријата Borrelia burgdorferi, која ја пренесува крлежот со својот убод на домаќинот. Оваа болест првенствено ја зафаќа кожата, а потоа срцето, зглобовите и централниот нервен систем.

Лајмската болест се манифестира со појава на локален оток и црвенило на местото на убодот и во околината и тоа 3-32 дена по инцидентот. Локалното црвенило е топло и обично не е болно. Кај 50% од пациенетите идентични промени може да се јават и на други делови од телото, а кај 15% пациенти може да не се јават кожни промени. Освен промените на кожата, може да се јави и покачена температура, треска, малаксаност, главоболка и зголемување на регионалните лимфни јазли.

Доколку болеста не се препознае и не се лекува, после 6-8 недели се развива вториот стадиум на болеста, кој се карактеризира со невролошки симптоми, појава на болки во зглобовите и кардиолошки симптоми.

Третиот стадиум настапува кај нелекувани лица кај кои после десет месеци или повеќе години се развиваат трајни оштетувања на зафатените органи.

Како се поставува дијагноза?

Авицена Лабораторија ви нуди комплетна проценка на вашата здравствена состојба. Нов, современ, индиректен имунофлуоресцентен тест за детекција на IgG и IgM антитела кој Borrelia burgdorferi sensu lato во хуман серум и IgG антитела во ликвор – RIDA®FLOUR Borrelia burgdorferi. Овој тест зазема централно место при дијагнозата на Лајмската болест заради високата сензитивност и специфичност, краткото време на добивање на дефинитивен одговор (еден ден ) и фактот дека култивацијата на борелиите е многу тешка, долготрајна и несигурна.​

Лајшманиоза (Кала Азар- “Црна Смрт”)

Лајшманиозата e паразитско заболување што го предизвикува протозоа (едноклеточен паразит) од родот – Leishmania. Се пренесува со каснување на одредени видови на комарци, (кои ги има и кај нас, а се разликуваат од обичните комарци), кои претходно каснале куче кое е заразено од овој паразит. Паразитот го напаѓа одбранбениот систем на организмот и ако не се лекува, може да прерасне во сериозно заболување и да доведе до смртни последици.

Клиничка слика

Лајшманиозата се карактеризира со симптоми кои на прв поглед се слични со сите други симтоми кои укажуваат на намален имунитет, односно, намален апетит, треска, слабеење, замор, анемија, ранички на местото на каснување од комарецот, омалаксаност и др.

Се презентира во три форми:

· Кутана (кожна)

· Мукокутана (кожно-слизокожна)

· Кала-Азар (Црна смрт, со зафаќање на органите)

Годишно во светот заболуваат околу 1,5 милиони луѓе од кожниот облик, и околу 1,5 милиони луѓе од Кала Азар. Времето на инкубација (временскиот период од убодот, до појавата на првите симптоми на болеста), изнесува од 7 дена до неколку месеци за кожната форма, и 10-тина дена до неколку години за висцералната форма – Кала Азар.

Дијагноза

Авицена Лабораторија ви нуди најсовремен тест за дијагностицирање на лајшманиоза и разјаснување на имунолошкиот статус. RIDASCREEN ® Leishmania Аб Тест, ензимска имуноанализа (EIA) на германскиот производител R-Biopharm за квантитативнa детерминација на специфични IgG антитела против Leishmania infantum во човечкиот серум.