Одлично средство за зајакнување на имунитетот и природен лек за болка во грлото

Ова е еден добро познат, едноставен природен лек за болка во грлото и одлично средство за подигнување на имунитетот.

За многумина можеби е познат и подзаборавен, но ова време, добро е да се потсетиме на сите ефикасни домашни препарати кои ќе ни помогнат да ја зајакнеме нашата одбрана од нападот на вирусите.

Потребни состојки:

-лимон
-мед
-ѓумбир

Постапка:

Loading...

Ако лимонот е органски, измијте го добро и исечете го на тркалца

1.Ѓумбирот измијте го, излупете го и ситно исечкајте го.

2.Во една тегла редете: ред лимон – мед – ред ѓумбир – мед и се така до крај.

3.По правило, теглата треба да отстои еден месец во фрижидер за да може смесата да стане желатинозна, но во итни случаи започнете со консумација веднаш.

4.Смесата се раствора со малку млака вода.

5.Дневна доза за возрасни: 2-3 лажици рамномерно распоредени.

6.За деца: 2 лажички во текот на денот, рамноемрно распоредени.

Loading...