Одличен за црниот дроб, бубрезите, срцето, а особено за белите дробови – чај за респираторни проблеми

Кога станува збор за респираторни тегоби, му нема рамен. Кимот е самоника билка, а подоцна е култивирана и се користи како зачин.

Има доста интензивен вкус, додека според мирисот може да се спороди со оној на анасонот/мента.

Кимот се користи како зачин, но има и многу лековити својства: подобра работа на дигестивниот и урогениталниот тракт, се користи за лекување на грип и настинка, бидејќи помага во искашлувањето, а делува и антисептички.

Црниот ким иако носи исто име со обичниот ким, сепак е сосем различен и според изгледот и вкусот, односно семето е доста мало и црно. Се користи исто така, како зачин, но најчесто се користи во лековити цели: за лекување на хронична кашлица и бронхитис, астма, алергија, болести на желудникот, кај лоша циркулација.

Египќаните први сфатиле колку е моќно ова семе, па од него направиле лековито масло. Источните народи за црниот ким велат дека “лекува сè освен смртта”. Кимот содржи етерични масла, повеќе видови масни киселини и витамин Ц.

Според истражувањата на научниците, црниот ким успешно може да уништи или ублажи 600 различни болести и состојби.

За лекување може да се користи масло, да се прави чај или да се додава семето во салати и разни јадења. Кимот има аналгетски, антибактериски, противвоспалителни и противвирусни својства. Благодарение на составот успешно го опоравува црниот дроб, ги исфрла токсините, ја поттикнува работата на бубрезите, го регулира крвниот притисок и холестеролот го држи под контрола.

Кимот го подобрува апетитот, ја олеснува дигестијата, подуеноста и помага кај грчеви во стомакот. Докажано има позитивно дејство кај дијабетичарите и намалување на нивото на шеќер во крвта.

Забележано е позитивното дејство кај пациенти заболени од рак. Поради силното антиоксидативно дејство врз имунитетот, посебно е делотворен кај лицата кои примаат хемотерапија, бидејќи го забрзува опоравувањето помеѓу третманите и го засилува нивното дејство.

Црниот ким исто така има силен ефект врз обновување на ткивото од белите дробови, чистење на респираторниот тракт, подобрување на пулмонарните функции.

ЧАЈ ОД ЦРН КИМ ПРОТИВ БРОНХИТИС И КАШЛИЦА

Една голема лажица црн ким, една мала лажичка камилица и половина мала лажичка анасон прелијте со шолја врела вода. Поклопете и оставете 10 минути. Потоа процедете, засладете со мед и пијте неколку пати дневно.

СИРУП ПРОТИВ АСТМА

Една мала лажичка мелено семе од црн ким, 2 чешниња истолчени лук и две лажици мед, убаво измешајте. Секое утро на гладен стомак земајте по една мала лажичка од овој сируп во период од три седмици. После тоа треба полесно да дишете.

Претходна статијаГлавоболката и заборавеноста се први знаци: На вашето тело му недостигаат 4 важни супстанции
Следна статијаЈаболков колач – “Измати и излеј” – Многу брз, сочен, вкусен, мерки на шолја