Дали знаевте дека недостигот на витамин Б6 може да влијае врз развојот на васкуларни болести?

Склоност кон мигрена имаат темпераментните луѓе, кои имаат ниска отпорност на стрес. Покрај тоа, склоноста може да биде и наследна, а појавата на главоболка може да зависи и од полот (жените патат од мигрена почесто отколку мажите). Хроничниот стрес и нервирањето исто така, имаат сериозно влијаение врз здравјето.

Покрај овие фактори, квалитетот на исхраната игра во тоа голема улога. Научниците откриле дека недостигот на одредени витамини и макро елементи може да биде причина за главоболка.

Ова е список од такви витамини и макро елементи.

Витамин Б9 (Фолна киселина) и витамин Б12

Поради недостиг на оваа супстанција во телото, човекот станува заборавен, расеен, расдразлив. Па дури, кога ќе се јави главоболка, честопати посегнуваме по аспирин, а тој дополнително го намалува нивото на фолна киселина и витаминот Б12.

За да го надополните овој дефицит, потребно е да јадете спанаќ, тиква, брокула, аспарагус, авокадо, репка, моркови и јајца. Обидете се овие намирници да ги воведете во секојдневната исхрана и ќе забележите дека подобро ќе се чувствувате.

Бакар и железо

Исто така спаѓаат во важни макро елементи. До нивен дефицит најчесто доаѓа кај жените, а тоа доведува до развој на анемија, мигрена, хипотензија, депресија и умор. Овие важни супстанции може да се добијат од оревите, гравот, козјо сирење, авокадо, зелена салата, семки, црн дроб, алги.

Витамин Б6

Недостиг на овој витамин доведува до развој на васкуларни заболувања. За да го спречите тоа, јадете повеќе грав, црн дроб, свеж зеленчук, житарици. На тој начин ќе го сочувате здравјето на виталните органи, како што се срцето и мозокот, а исто така, ќе го зајакнете нервниот и кардиоваскуларниот систем.

Витамин Д

Важен витамин кој се создава во телото кога е изложено на сончева светлина. Во периодот есен-зима, нема доволно сонце, па така, мора да се погрижите исхраната да содржи намирници богати со овој витамин, а тоа се јајца, мешунки, црн дроб, морски плодови и млечни производи.

Не заборавајте дека здравата исхрана, спиењето, прошетките на свеж воздух и вежбањето – се клуч за здравјето и долговечноста. Здравиот начин на живеење ја намалува зачестеноста на мигрените и нивниот интензитет.