Ова е неверојатно ефикасен лек за сите оние кои имаат опстипација и нередовна или недоволна столица. Се приготвува мешавината, а од неа се јаде по една супена лажица навечер, пред спиење и веднаш се испива една чаша топла вода.

Се користи по потреба, но најдобро е да се примени неколку денови по ред (без прекин) додека целосно да се испразнат цревата. Празнењето ќе биде обемно и лесно, затоа нема потреба од напрег-нување.

Потребни состојки: 500 г суви сливи без семки, 500 г суви смокви, 500 г ливадски мед (ако немате ливадски, користете некој од светлите медови или каков имате – важно да биде природен и квалитетен) и 50 г иситнет лист од сена (лист од сена се купува од аптека)

Постапка: дадените количини може да ви се чинат многу со оглед на тоа што од смесата се јаде само по една супена лажица на ден, па затоа, доколку немате хроничен за-пек и сакате само привремено да го примените овој лек, намалете ги количините пропорционално.

Сувите смокви сомелете ги двапати (потребно да бидат навистина добро иситнети. Сувите сливи се помеки и тие е доволно да се сомелат само еднаш. Најдобро е да се сомелат машински или на некој добар блендер (добра е и машината за меле-ње месо).

Листот од сена можете да го купите од аптеките и билните аптеки и воп некои подобро снабдени продавници за здрава храна. Се купува како чај. Сите состојки ставете ги во некој поголем сад.

Добро промешајте за да се изедначи смесата, а потоа складирајте ја во стаклени теглички со добар капак и чувајте во фрижидер. Навечер изедете една супена лажица од оваа супер вкусна смеса.

После тоа веднаш испијте една чаша топла вода (колку можете потопла, не врела). Оваа смеса се користи по потреба, а најдобро неколку дена по ред, без прекин.

Сè зависи од организмот: кај некои делува уште следниот ден, а кај некои се потребни неколку дена. Прочитајкте го и следниот рецепт кој е одличен за лекување на опстипација, а за некои и наједноставен:

Рицинусовото масло е природен лаксаив кој порано почесто се користел, бидејќи на пазарите немало многу производи за оваа намена. За жал на денешните генерации помалку им е познат, бидејќи сè помалку е застапен.

Од ова масло во комбинација со сок од портокал, кој е богат со влакна и корисни нутриенти, се добива многу моќен и здрав напиток за празнење на цревата.

Овој напиток воедно го јакне и имунитетот. Празнењето на цревата е многу важен процес, со кој од организмот се елими-нира натрупаниот от-пад и от-рови, што е од особено значење за спречување на болести и одржување на добро здравје.

Потребни состојки: 1 чаша свежо исцеден сок од портокал и 1 супена лажица рицинусово масло

Постапка: за подготовка на овој напиток, многу е важно да користите свежо исцеден сок од портокал. Купечките сокови содржат голема количина шеќер, а многу малку влакна, па така, напитокот ќе има слаб ефект. Откако ќе го исцедите сокот од портокал, во него додајте една супена лажица рицинусото масло и промешајте.

За најдобри резултати вака приготвениот напиток се препорачува да се кон-сумира еднаш дневно на гладен стомак. Празнењето на цревата ќе настапи после 6-12 часа.