Вкусен и лесен ручек кој секој може да приготви. Оваа мусака е толку многу вкусна, просто секој залак се топи во уста. Оние што ја обожаваат мусаката, задолѓжително да го пробаат и овој рецепт на Јелена Петровиќ.

Потребни состојки: 300 г мелено месо, 4 јајца, 1 кромид, 4 чешниња лук, 2 тиквички, сол, црн пипер, масло, мелен црвен пипер, 4-5 лажици брашно, 100 г презли (лебни трошки), 2 моркови, 1 павлака, малку сирење

Постапка: на малку масло пропржете го ситно исечканиот кромид, ма потоа сечканиот или рендан морков, па додајте го меленото месо и убаво пропржете го додека да ја промени бојата и да испарат вишокот течности.

Зачинете по вкус со сол, црн и црвен пипер, а убав вкус дава и ако додадете малку ситно сечкано лукче или лук во ситни гранули (во прав). Тиквичките излупете ги (ако се млади не мора), па исечете ги на тенки кругови.

Посолете ги и оставете ги да отстојат половина час за да го испуштат сокот. Потоа процедете ги. Во посебен сад изматете две јајца, а плехот или огноотпорниот сад намастете го со масло.

Секое тркалце тиквичка најпрво набрашнете го, а потоа потопете го во јајцата и на крај извалкајте го во лебните троошки. Вака подготвени тиквички (исто како за похување, само што не треба да се пржат во масло) редете ги на дното од намастениот плех.

Врз редот тиквички распоредете неколку лажици од пропрженото мелено месо, па повторно тиквички, па месо и сè така додека да го потрошите материјалот. Редењето завршете го со тиквички.

Изматете ги преостанатите две јајца, додајте ја павлаката, па фино изедначете и смесата прелијте ја преку тиквичките. Одозгора изрендајте кашкавал и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.

Уживајте во вкусот! Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Прочитајте го и следниот рецепт како да подготвите полнети тиквички од рерна.

Запечени полнети тиквички со мелено месо, кашкавал и многу вкусен прелив. Ова јадење најмногу ми го сакаат дома и затоа често го правам кога има млади и свежи тиквички.

Потребни состојки за полнење: 300 г мелено месо (со јунешко е најубаво), 1 главица црвен кромид (или обичен), 2-3 моркови, 3-4 лажици ориз, неколку ливчиња целер, 1-2 домати и малку салца или пире од домати.

По потреба: сол, црн пипер, оригано, вегета, црвен пипер, мешавина за мелено месо-зачини, свеж босилек и магдонос. Останати состојки: 2-4 тиквици (зависи од големината), малку масло, неколку лажици рендан пармезан или друг кашкавал.

За прелив: 3 јајца, 100-150 мл кисела павлака, 100-150 мл млеко, 1 лажица брашно, остатоци од тиквичкитте, рендани, малку сол и црн пипер.

Постапка: Кромидот исечете го тенко и испржете го на масло, па кога ќе добие стаклеста боја додајте го меленото месо и пржете додека месото да се „раз.бие“ и да ја промени бојата.

Во пржениот кромид додајте мелено месо. Пржете додека сета вода што ја испуштило месото да испари, а месото да потемне и има сличен мирис на плескавица. Ко0га местото ќе биде готово, додајте исечкан морков, малку пропржете, па додајте ориз кој исто така треба да се пропржи.

Додајте сечкани листови целер, а магдоносот се додава на средина од динстањето. Додајте излупен домат исечкан на коцки, па повторно промешајте. Залијте со малку врела вода, па поклопено оставете да крчка на тивко.

Повремено мешајте и долевајте вода по потреба. Сосот гответе го 20-30 минути или помалку. Свежиот босилек и магдонос исечкајте ги и додајте ги во сосот со месо. Тиквичките измијте ги, а ако се млади не треба да ги лупите. Исечете ги на парчиња со должина од 3-4 цм.

Секое парче издлабете го со чајна лажичка и редете ги во тепсија едно до друго, за да исланирате отприлика колку простор ќе ви зафатат. Сите остатоци се рендаат крупно, па кој сака може да го додаде во месото, но јас не го додавам.

Ренданите тиквички посолете ги и оставете ги да пуштат вода. Издлабените тиквички сварете ги кратко во солена вода 3-4 минути. Наредете ги во намастена тепсија. Секое парче полнете го со сосот од мелено месо.

Одозгора ставете малку рендан пармезан или некој друг кашкавал. Печете во рерна околу 15-20 минути на 200 степени. Во еден сад измешајте јајца, павлака, млеко и брашно. Посолете и ставете црн пипер по вкус.

Ренданите тиквички добро исцедете ги и додајте ги во смесата со јајцата, па измешајте. Секое парче тиквица прелијте го со лажица. Зафатете од дното на садот, зошто ренданите тиквички потонуваат. Остатокот од преливот излијте го помеѓу тиквичките. Печете 15 минути додека да заруменат.