Дали некогаш сте слушнале за хаптика? Тоа е вид невербална комуникација преку допир, проучувана од страна на социјалните психолози. Експертите велат дека за еден пар може многу да се говори со само едноставно гледање на начинот на кој тие се однесуваат кога се заедно, на пример, додека шетаат.

Ви се чини неверојатно, зар не? Веќе станавте љубопитни и сакате да прочитате повеќе за вашата врска и односот со вашиот партнер. Овој необичен тест во 90% од случаите ја открива целосната вистина за вашиот однос.

Сè што треба да направите е да го одберете парот за кој ВИЕ сметате дека е најсреќен. Не ги читајте одговорите додека не сте сигурни дека сте одбрале најсреќниот пар.

ПАР 1

ПАР 2

ПАР 3

ПАР 4

ПАР 5

ПАР 6

ПАР 7

Одберете го според вас најсреќниот пар кој не глуми пред јавноста, а во продолжение прочитајте го одговорот.

АКО ГО ОДБРАВТЕ ПАРОТ 1

Жената во оваа врска е горда на својот партнер. Таа е независна и не ја интересира што говорат и што мислат другите. Мажот ја цени заедницата и се труди да се докаже и да помогне во унапредување на заедницата.

Мотото на оваа врска е искреност и отвореност.

АКО ГО ОДБРАВТЕ ПАРОТ 2

Зад успешниот маж стои успешната жена . ова е реченицата која ја опишува оваа врска. Тука жената е таа која обраќа внимание на важните работи. Таа му помага на партнерот тој да може да се сконцентрира само на важните работи и на тој начин да биде поуспешен. Таа честопати се занемарува себеси, за сметка на успехот и кариерата на мажот, му дава целосна поддршка, а тој постигнува врвни успеси.

АКО ГО ОДБРАВТЕ ПАРОТ 3

Во вашата врска мажот е главен и одговорен. Меѓутоа, жената е мудра и смирена за да го избалансира неговиот краток фитиљ. Вашето мото е: Таа ја одржува рамнотежата, но и врската.

АКО ГО ОДБРАВТЕ ПАРОТ 4

Интимноста и прегратката покажува дека мажот сака да ја заштити жената. Во вашата врска владее взаемна почит и доверба и сите ви се восхитуваат.

АКО ГО ОДБРАВТЕ ПАРОТ 5

Вие живеете во хармонија и се поддржувате еден со друг. Уживате во заедничките моменти. Вашата љубов е за почит. Мора и понатаму да се трудите да го одржувате ваквиот однос, зошто многумина ќе се обидат да ве разделат.

АКО ГО ОДБРАВТЕ ПАРОТ 6

Вие не сте пар кој сакате јавно да ги искажувате емоциите. Во вашата врска двете страни се еднакви. Можеби тоа не се гледа, но кога сте сами вие сте многу романтични и знаете да си угодите еден на друг.

АКО ГО ОДБРАВТЕ ПАРОТ 7

Заедно имате милион селфија. Сакате во јавност да ги покажувате емоциите и чувствата, а сите ваши пријатели ве сметаат за прекрасен пар. Никогаш не ви е досадно кога сте заедно. Но, најчесто во ваквите врски се појавува трето лице кое сака да ја расипе вашата љубов.