Има секакви баклави, сите се вкусни и убави на свој начин, но мене ми е најубава онаа најобичната, најпростата баклава, која се прави со кори и ореви.

Потребни состојки:

1 кг тенки кори за баклава

Смеса за наросување:

1-1,5 кг ореви
1,5 путер од 250 г (може и 2 или 500 г)
2 ванилин шеќер
1 мала шолја шеќер
1 мала шолја презла

за шербет:

1 кг шеќер
1 литар вода

Постапка:

Еден до два часа претходно сварете го шербетот, за да има доволно време да се олади. Откако ше ги ставите шеќерот и водата на оган, варете додека да згусне сирупот.

Половина од оревите сомелете ги, а половината исечкајте ги. Путерот растопете го.

Врз тепсијата ставете една кора, па втора кора и испрскајте со растопен путер. Потоа третата кора наросете ја со мешавината од ореви, па потоа и со путер.

Редете ги корите по истиот редослед, односно на секоја нанесувајте фил од ореви. Внимавајте на крај да ви останат три кори за најгоре кои само се премачкуваат со путер. Потребни ви се околу 1 кг тенки кори за баклава.

Кога ќе ја наредите баклавата, со остар нож исечете ја на ромбови и прелијте го секој засек со остатокот од путерот.

Одозгора испрскајте со газирана вода за да остане мазна кората.

Ставете ја баклавата да се пече во загреана рерна, односно да се суши 1,5 час на 150 степени.

Врелата баклава прелијте ја со ладниот шербет (ова е многу важно). Може да ставите и помал плех одозгора ако мислите дека корите ќе се превиткаат, иако не би требало.

Напомена: баклавата ја печев во стандардна тепсија за колачи со должина од 40 см, а доколку сакате потенка, користете поголем плех.

coolinarika.com