Од оваа билка се прави најдобриот мевлем за кожни заболувања – Лепавец

За оваа многу интересна билка која расте како коров, а се лепи за вашите алишта секогаш кога ќе поминете покрај неа, пишува билкарот Мартин Најдовски: Лепавец (lat. Galium Aparine).

“Лепавец или лепка е билка која расте на влажни места, но исто така, може да се најде и на суви. Може да достигне до 50 метри. Карактеристично за неа и претпознатлива е по нејзините листови и стебло кои се лепливи па отаму нејзиното име Лепавец.

Расте како коров, но нејзината лековитост за жал е заборавена. За лековити цели се собира надземниот дел, односно целата билка. Лепавецот се користел за време на колерата и чумата, кога буквално кожата им паѓала од месото. Раните ги лекувале со мевлем подготвен од лепавец” – пишува Најдовски.

Loading...

“Оваа билка се користи протов бронхитис, кожни болести како што се псоријаза, розацеа, лишај, влегува во разни мешавини од билки за лекување на проблеми со црн дроб, црева, бубрези и мочни патишта, лимфни жлезди, женски болести и друго.

Од неа најчесто се изработуваат најразлични мевлеми кои се користат за рак на кожа, осип, гнојни чиреви и други кожни болести. Помага за снижување на висок крвен притисок, бидејќи е диуретик па со тоа помага за исфрлање на камен во бубрези, отежнатост и пецкање при мокрењето и проблеми со уринарните патишта.

Според некои истажувања утврдено е дека лепавецот одлично делува против жолтица и секаков вид на рак, особено рак на кожа.

Кај нашиот народ доста била употребувана за различни магиски обреди како што е на пример ритуалот кој го користеле младите девојќи за да привлечат додворувачи. Тие го лепеле лепавецот за себе и притоа изговарале: “Како што овој лепавец се прилепува за мене да така се прилепат сите момци од селото за мене и така нека биде”.

Рецепти:

Чај: 1 супена лажица се прелива со 250 мл зовриена вода, отстојува 20-30 минути, се процедува и се пие по 2-3 шолји дневно.

Сок: Билката се блендира па се исцедува, а добиениот сок може да се стави како облога кај кожни заболувања или пак, да се направи мевлем.

Лепавецот влегува како главен дел во мојот микс за тумор на матка.
Еве, Лепавецот кај мене расте на тераса, во мојата градина, како коров и како најцента билка” – заклучува Најдовски.

Loading...