БЕЛА ТОРТА без печење, готвење и неодолив вкус со сирење, кисела и слатка павлака (втора верзија)

Оваа верзија за Бела сладолед торта ни ја претстави нашата драга членка Станислава Маниќ во групата НМД рецепти. Колачот лесно се приготвува и има одличен, освежителен вкус. За постапката има видео рецепт кој можете подолу да го погледнете.

Потребни состојки:

200 г несолено сирење (абц, маскарпоне или сл.)
200 г шеќер во прав
200 г кисела павлака
500 мл слатка павлака
100 г сечкани бисквити
140 г чоколадо
100 г кикирики

Постапка:

Крем сирењето заедно со шеќерот во прав убаво пенасто измиксајте ги. Потоа додадете 200 г кисела павлака и продолжете со миксање. Во друг сад со миксер изматете 500 мл слатка павлака за торти и колачи, додека да добиете цврст шлаг.

Loading...

Постепено соединете ги двете смеси и матете додека да се изедначат. Во калап 22 см нанесете и израмнете една третина од добиениот крем. Наросете 50 г ситно издробени бисквити.

Полијте 70 г растопено чоколадо, наросете 50 г издробени кикирики (несолени и истостирани). Нанесете ја втората третина од филот и израмнете. Наросете 50 г издробени бисквити, па полијте 70 г растопено чоколадо и наросете 50 г сечкани кикирики.

Нанесете го остатокот од филот, израмнете, наросете со малку мелени бисквити, па тортата ставете ја во замрзнувач најмалку три часа.

Loading...