Од 1 литар млеко за 5 минути направив 1 кг мек кашкавал…сите гости ми побараа рецепт . Ова е најлесниот и најекономичниот начин за приготвување на „кашкавал“ во домашни услови.

Од еден литар млеко се добива нешто повеќе од 1 килограм вкусен мек „кашкавал“ кое лесно се сече и одлично е за послужување како закуска, за додавање во салати, сендвичи и разни јадења.

Кога ќе го прочитате рецептот веројатно ќе се изнeнадите од сознанието дека голем број од купечките „сирења“ и „кашкавали“ се приготвуваат на сличен начин.

Оригиналното сирење кое го знаеме како такво, се приготвува на сосем поинаков начин. За да се добие квалитетно сирење од 1,2 кг понекогаш се потребни од 5 до 10 литри млеко, а за кашкавал постапката е дури уште подолготрајна и покомплицирана.

Па така, со овој рецепт нема да добиете оригинал кашкавал, туку еден квалитетен млечен производ налик на купечките разни „гауди“. Подготвено во домашни услови без никакви други додатоци и со огромна разлика во цената, вреди да си го запишете рецептот и да го испробате. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 мл млеко, 70 г скроб/нишесте/густин, 1/2 лажичка сол или по вкус, 10 г путер, 100 г рендан кашкавал

ПОСТАПКА: Ставете ги сите состојки во тенџере освен кашкавалот, па мешајте рачно додека да се раствори скробот и да нема грутчиња. Ставете на оган и загревајте со непрекинато мешање додека да згусне како пудинг.

Потоа додајте го ренданиот кашкавал и продолжете со готвење на умерена температура додека целосно да се растопи и инкорпорира. Смесата е спремна, па претурете ја во соодветен сад обложен со проѕирна стреч фолија.

Исто така, можете да го искористите тетрапакот од млекото, така што ќе го исечете врвот. Покријте ја смесата со кеса или стреч-проѕирна фолија и оставете да се олади и стврдне, неколку часа во фрижидер.

Потоа отстранете го од калапот и сечете на тенки ленти или во зависност од обликот на калапот, сечете на коцки, стапчиња и слично. Многу е декоративно ако се послужи одозгора наросено со зачински билки и малку маслиново масло.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ДОМАШЕН КАШКАВАЛ: Го правам еднаш неделно, вистински деликатес, повкусен од овој нема да најдете во продавница’ – ОВДЕ.

ДОМАШЕН КАШКАВАЛ: Го правам еднаш неделно, вистински деликатес, повкусен од овој нема да најдете во продавница