Обарени модри домати: квалитетна зимница без конзерванси и хемија

Фото и рецепт: Елизабета Андов

Потребни состојки:

3 кг модри домати

Сол

За солило:

1 литар бел оцет

2 литри вода

80 г сол

80 г шеќер

½ кесиче бибер во зрна

За поросување:

2 главици лук

Магдонос

Масло по потреба

Постапка:

Модрите домати се сечат на кругови или во должина по желба (не се лупат). Се посолуваат и се оставаат да отстојат од 2 до 3 часа.

Се приготвува солило од еден литар бел оцет, 2 литри вода, 80 г сол и 80 г шеќер, половина пакетче бибер во зрно. Се става на оган да зоврие, па се додаваат доматите кратко колку да омекнат (околу 5 до 10 минути), па се вадат во тава и се редат во тегли.

Се поросуваат со сечкано лукче и магдоност и малку масленце.

Ова е квалитетна зимница без конзерванси и без хемија.

Loading...