Нутриционистката Верица: Со овие три состојки можете да стопите повеќе од 5 кг за 3 недели

Ренот е повеќегодишно растение од фамилијата крстоцветници (Brassicaceae). Има дебел, месест и разгранет корен и исправено стебленце со висина од 15 до 125 сантиметри со бела или жолто-бела боја.

Во горниот дел, стебленцето е разгрането. Листовите на стеблото се со кратки дршки или седечки, поделени во резени или длабоко назабени. Ренот цвета до мај до јули, а расте на влажни места.

Ренот има остар и зачинет вкус и кога се користи во мали количини е сосем доволно. Фактот дека содржи петпати повеќе витамин Ц од лимонот и портокалот покажува колку е здрав ренот, а е единствената храна што има поголема содржина на овој витамин е калинка и црна рибизла.

Покрај тоа, ренот е богат со протеини, јагленихидрати, минерални соли, бета – каротен, есенцијални масла, железо, цинк, калиум, магнезиум, калциум, фосфор и финтоциди, кои се природни антибиотици.

Ренот овозможува правилно лачење на жолчна киселина за подобро варење на храната и се подобруваат одбранбените механизми на организмот и неговата општа состојба.

Ренот има антибактериско, антивирусно и антимикробно својство, што го прави незаменлив во разни видови на воспалителни процеси на грлото, синусите, непцата, белите дробови.

Докажано е дека е многу ефикасен во лекување на ра-ни и воспалени чиреви на кожата предизвикани од бактериска инфекција. Исто така, ренот е многу ефикасен во лекувањето на ревматизам, невралгија, б олки во зглобовите и слично.

Сепак, неговиот најважен и најсилен ефект е врз респираторниот систем – се користи како домашен лек против кашлица, синузитис, воспаление на грлото, увото и носната мукоза, сè до полесни форми на бронхитис и пневмонија, каде што се користи како додаток.

Ренот е многу чувствителен на надворешни услови и најдолго што може да опстои кога ќе се отстрани кората е седум дена (една седмица). Најефикасен е доколку го купите како свеж корен и ќе го изрендате.

Поради својата јачина, но и одредени состојки, се препорачува умерена употреба на рен, а бремените жени, лицата со висок притисок и слаба коагулација на к-рв (згрутчување) треба да го избегнуваат.

Стимулира зајакнување на имунитетот

Нутриционистите се убедени дека редовното консумирање на рен го активира имунолошки систем, што е наша одбрана од сите болести. Изотиоцијанатот во ренот го стимулира имунолошкиот систем и го подобрува производството на бели кр-вни клетки (леукоцити).

Може да ги ублажи симптомите на артритис и остеопороза

Калциумот и магнезиумот се неопходни минерали одговорни за градење на коските кои можат да ги ублажат симптомите предизвикани од артритис и остеопороза. Ренот е многу богат со овие минерали, па затоа се препорачува во исхраната на секој што има генетска предиспозиција за развој на овие коскени заболувања.

Ја забрзува функцијата на дебелото црево

Употребата на рен во исхраната доведува до правилна дигестивна работа и здравје на цревата.

Успешно се бори против бактериите

Изотиоцијанатот е антибактериска супстанца која се наоѓа во ренот и е во состојба да ги елиминира бактериите. Покрај ова соединение, ренот содржи и значителни количини на манган, ензим кој им помага на клетките во организмот добро да функционираат.

Дишните патишта се особено погодени период на настинки и грип (најчесто пролет и есен), а нутриционистот и фитотерапевт Верица Тодоровиќ откри одличен рецепт кој се прави во домашни услови што може да помогне во ублажување на проблемите со дишењето.

Потребен ви е рен, ѓумбир и мед, три состојки познати по силните антивирусни својства, кои се докажани со бројни студии.

Потребни состојки: 250 – 300 гмед, половина чаша рендан рен, половина чаша рендан ѓумбир. Ѓумбирот и ренот треба да бидат во сооднос 1:1.

„Ренот е добар за респираторниот тракт, уништува одредени патогени бактерии, добар е за синусите. Исто така, комбинацијата со рен и ѓумбир е одличен имуностимуланс, ги чисти клетките, сите органи и знаеме какви својства има медот.

Брзо се подготвува, има рок околу два или три дена, но што е добро – да не ја затворате теглата со пластичен капак, туку ја затворате со газа, за да “дише”. Смесата може да се чува во фрижидер, а да ја користат и децата по половина лажичка,“ вели нутриционистот Тодоровиќ.

Таа додава дека возрасните треба превентивно да земаат две кафени лажички на ден, една наутро, а една подоцна во текот на денот. „Можеби навечер, но не го препорачувам затоа што ѓумбирот и рен загреваат, па затоа е подобро малку порано“.

Кога станува збор за децата, таа советува да им давате половина лажичка, во зависност од возраста и тежината, до двапати на ден, со вода разредено. „Може да биде во млака, зовриена вода,“ додава нутриционистот.

Постапка: Изрендајте ги ренот и ѓумбирот, ставете ги во тегла и на крајот додајте го медот. Малку промешајте, но исклучиво со дрвена или пластична лажичка, затворете со газа и чувајте ја смесата во фрижидер.

Секое утро земете две лажички од оваа смеса, а за три недели нема да имате грам сало на телото

Ако редовно го пиете овој пијалак и започнете со лесни тренинзи, резултатите сигурно нема да изостанат. Ќе намалите повеќе од 5 килограми за 3 недели.

Главната состојка на овој пијалак е ренот, која е богат со железо, витамини Ц, Б1, Б2 и Б6, калиум, магнезиум и фосфор. Покрај тоа што му дава сила на телото, ренот го забрзува и метаболизмот и ја подобрува работата на дигестивниот тракт, а сето тоа доведува до слабеење.

Потребни состојки: 125 г свеж рен, 4 лимони, 3 лажици мед, 2 лажички цимет, 2 цм корен од ѓумбир.

Подготовка: Ставете ги ренот и ѓумбирот во блендер, и сè добро сомелете до изедначување. Потоа додајте го сокот од лимон. Оставете ја смесата да отстои 5 минути, а потоа додајте мед и цимет. Продолжете да мешате додека смесата да стане хомогена.

Чувајте во стаклена тегла, во фрижидер. Рок на траење е 3 недели. Консумирајте две лажички наутро на празен стомак или пред тренинг. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска

Loading...