Експертите препорачуваат да обратите внимание на тоа колку пиете вода и што е најважно КОГА – бидејќи водата пречи во правилната дигестија.

Иако постои теорија за тоа колку вода треба да испиете пред, во текот и после јадењето, голем број луѓе без размислување консумираат голема количина вода за време на јадењето, во надеж дека така побрзо и полесно ќе ја свари храната.

-На вашето тело му се потребни речиси два часа за да ја свари хранат што сте ја изеле. Храната минува од устата, преку грлото и хранопроводникот до желудникот, а потоа продолжува низ цревата додека да се исфрлат непотребните материи.

Во телото постојат дигестивни сокови, односно ензими кои помагаат да се свари храната, па доколку пиете вода пред и во текот на јадењето, бидејќи не само што ги разредувате дигестивните сокови туку и го вознемирувате организмот во текот на варењето.

Затоа не се препорачува пиење на вода непосредно пред оброк, или тоа да го направите барем половина час пред да почнете со јадење. Уште полошо е ако пиете вода во текот на јадењето, бидејќи на тој начин им се отежнува работата на цревата и желудникот на нормален начин да ја сварат храната што сте ја изеле.

Некои луѓе кои пијат вода додека јадат имаат проширени црева – вели нутриционистката Ања Сод.

Во нејзините истражувања се наведува дека не треба да се „полеваме“ со вода после оброк, бидејќи таа ќе не подуе и на тој начин ќе го пореметиме нормалниот процес на варење, па за кратко време повторно ќе станеме гладни. Таа предлага да почекаме половина час пред да испиеме вода откако сме јаделе.

„Моја препорака е да пиете два литри во текот на денот, но рамномерно распоредени, така што никогаш да не бидете преполнети. Премногу вода го ремети варењето па може да се случи вишок на храна да остане во организмот и да доведе до пореметени нивоа на инсулин и шеќер, а тоа доведува до дијабетес“ – објаснува нутриционистката.