Новиот ЛЕБ СО ЛУК е толку добар, што почнав двапати неделно да го правам…Брзо, едноставно и многу вкусно! Еве што ви не потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

70 мл топла вода
70 мл топло млеко
1 лажичка сув квасец
1 лажичка шеќер
1 јајце
2 лажици стопен путер
320 г брашно
1/2 лажичка сол
3 чешниња лук, магдонос
60 г путер, сол, лажичка мед.
срендан кашкавал или моцарела
жолчка од јајце и лажичка млеко (за премачкување)
семе од афион (за посипување)

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте млака вода, млако млеко, по 1 лажичка сув квасец и шеќер, 1 јајце на собна температура и 2 супени лажици растопен путер. Во течната мешавина додајте го брашното со солта.

Замесете меко и нелепливо тесто. Покријте го и оставете го на топло да ферментира 40 минути.

За тоа време пригответе го филот: изрендајте го лукот, ситно исечкајте една рака свеж магдонос, додајте 60 г омекнат питер, малку сол и лажичка мед. Сето изедначете го да може да се мачка.

Стасаното тесто малку премесете го и на набрашнета површина развлечете го во правоаголна форма. Преку цела површина премачкјате го со филот од лук и магдонос, а одозгора посипете го со рендан кашкавал.

Исечете ја кората на три ленти хоризонтално, па на четири вертикално, да добиете 12 квадрати.

Редете ги едно врз друго, а потоа редете ги во намастен калап за леб/ролат (длабок, долгнавест).

Покријте го со фолија и оставете да ферментира 30 минути. Потоа премачкајте го одозгора со изматена жолчка со малку млеко и посипете го со семе од афион.

Печете го во загреана рерна на 200 степени, 25 минути или додека убаво да зарумени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.