Новак Ѓоковиќ е познат по својот исклучително здрав начин на живот, а она што прво го јаде и пие наутро мора да биде најздраво и најдобро.

Новак Ѓоковиќ направи сe` за да ја пронајде совршената формула за здрав живот. Со цел неговото тело да функционира беспрекорно, тој дизајнираше посебен режим на исхрана и вежбање кој му дава флексибилност и издржливост.

За да го разбуди своето тело, Новак секое утро пие топла вода со лимон, што му помага на неговото тело да се детоксицира. А потоа после тоа, на празен стомак, пие сок од целер, со додавање на алги.

„Во првиот дел од денот јадам многу овошје. Не сакам да јадам храна која бара многу енергија за дигестирање, бидејќи ми треба многу енергија за тренинзите“, објасни Новак пред неколку години.

Сите холивудски ѕвезди, исто така, пијат сок од целер секое утро за да ја задржат виталноста и здравјето на своето тело што е можно подолго.

Сокот од целер е богат со растителни влакна, витамин К, А и Ц, калиум и фолна киселина, како и цела палета на антиоксиданси.

Како да направите сок од целер?

Во блендер ставете неколку стебленца целер со половина шолја млака вода. Кога сето тоа ќе се сомеле, сокот испијте го наутро, на празен стомак, околу 150 милилитри. Интервјуто погледнете го ОВДЕ.