Home Здравје Нов симптом на корона вирус, се јавува кај младите, а докторите повикуваат...

Нов симптом на корона вирус, се јавува кај младите, а докторите повикуваат да се самоизолираат

Обратете внимание.

Наглиот престанок на осетот за мирис, познат како аносмија, се појавил кај неколку пациенти кои имале многу благи симптоми, а тестот им бил позитивен на корона вирус.

Аносмија е ненадеен губиток на осетот за мирис, но без затнат нос, понекогаш пропратен со губиток на вкусот.

Француското здружение на оториноларинголози повикува да се обрати внимание на ова.

-Постои очигледна поврзаност меѓу аносмија и вирусот – тврди Жан Мишел Клајн, претседател на Националниот Сојуз на оториноларинголозите.

Кај сите заразени со Ковид-19 нема да се развие аносмија, меѓутоа, сите изолирани аносмичари, без локално воспаление, биле позитивни на корона вирус.

Оние луѓе кои ќе го почувствуваат овој симптом, мора да се самоизолираат – вели Клајн.

Британските колеги исто така се сложуваат, па и нивното национално здружение на оториноларинголози ENT UK, предлага аносмијата да се додаде во досегашните набројани симптоми.

<

Дојде до брз пораст на бројот на извештаи за значаен пораст на пациенти со Ковид-19 кои имаат аносмија, односно губиток на мирис, а немаат други симптоми – се наведува во изјавата на Британското Здружение.

Пациенет заразен со корона вирус, кој живее во околината на Париз, за еден странски медиум изјавил дека и тој е еден од пациентите со аносмија.

“Јадете и не можете ништо да почувствувате…” – изјавил тој.

До истиот заклучок, за поврзување на аносмија со болеста Ковид-19, дошле и германските и американските експерти.