Нобеловецот ја предвиде епидемијата во Кина, точниот број на заразени и мртви: Сега открива нови предвидувања

Професорот по биологија од Универзитетот Станфорд и добитник на Нобелова награда за хемија д-р Мајкл Левит, предвидува скорешен крај на пандемијата со корона вирусот!

Во статијата на Los Angeles Times се напоменува дека претходно Левит точно го предвидел развојот на ситуацијата околу корона вирусот во Кина и најлошата криза во историјата на Земјата.

Професорот истакнува дека не верува во прогнозите според кои моментната криза ќе трае со месеци или дури и години и дека ќе доведе до милион смртни случаи.

Loading...

На почетокот од февруари тој испрати извештај во кој тој вели дека ширењето на Кина го достигна својот врв и дека стапката на растот на умрените ќе успори уште повеќе во рок од една седмица.

Левит предвиде и дека вкупниот број на потврдени случаи со Ковид-19 во Кина на крајот ќе биде околу 80 илјади луѓе, додека околу 3.200 луѓе ќе ги загубат животите.

Реалните броеви покажуваат дека е многу блиску до прогнозата: до 24 март во Кина се регистрирана 81.588 случаи со 3.281 смртни случаи.

Сега доктор Левит предвидува сличен исход и во Соединетите Држави и во остатокот од светот.

“Сега главниот проблем е да се контролира паниката”, вели д-р Левит, а пренесува Los Angeles Times.

И покрај фактот дека многумина епидемиолози предупредуваат веќе со месеци, ако не и со години на социјална прекретница и милионски смртни случаи, овој научник вели дека постоечките податоци не укажуваат на такво драстично и ужасно сценарио, особено не во областите каде што се преземаат разумни мерки за спречување на епидемијата и социјална изолација.

Тврди дека со почитување на основните мерки за заштита, сето ова брзо ќе заврши.

Професорот Левит секојдневно ја анализира ситуацијата во 78 земји во кои дневно се регистрираат повеќе од 50 нови инфекции.

Во нив гледа “знаци на успорување на пандемијата”. Меѓутоа, одби да каже прецизен период кога очекува дефинитивен крај на пандемијата со корона вирусот.

Loading...