Ако вака го држите сапунот, веднаш тргнете го, на тој начин собира вируси: Д-р Белојевиќ има важен совет

Д-р Горан Белојевиќ, професор на Медицинскиот факултет во Белград, објаснува како правилно се чува сапунот, а многумина од нас грешат.

И тоа не е сè, многу е важно да ги погледнете сите совети за правилно однесување дома додека трае епидемијата со корона вирусот: како да се третира гардеробата, како да се мијат рацете и слично.

Пред сè професорот д-р Горан Белојевиќ од Медицинскиот факултет во Белград привлече големо внимание кај јавноста кога говореше за тоа зошто асепсол не е баш најпогодното средство за чистење на површините во текот на пандемијата со корона вирусот.

Loading...

Дали после миењето на рацете треба да се примени дополнителна дезинфекција со алкохол? – Не е неопходно веднаш после миењето на рацете да се применува алкохол, тој е згоден за оние итни случаи, кога ќе истурите малку алкохол во дланките и ќе ги истриете.

Доколку не можете да купите дезинфекционен гел од продавница или аптека, доволен ќе биде алкохолот.

Во домашни услови најважно е миењето на рацете, тоа е една од најмоќните и најважните работи. Секогаш е подобро добро да се измијат рацете, отколку да се намачка алкохол на валкани раце.

Најдобра е комбинацијата на миење раце и дезинфекција со алкохол, тоа е најсигурната опција – заклучува тој.

На гостувањето во RTS Ordinacija тој предупреди на нешто што малкумина го знаат, а тоа е како правилно треба да се чува сапунот.

“Прво и основно е миењето на рацете. Сум слушнал некои препораки дека овој или оној сапун е подобар, но тоа нема врска. Секој сапун е добар доколку правилно се чува, без разлика дали тој е течен или цврст.

Препорака е цврстиот сапун да се чува на метална решетка за да биде сув, никако не смее да биде влажен и да се чува во некој пластичен сад каде ќе се собира вода или влага, бидејќи тоа е одлична подлога за вируси.

Течниот сапун треба да биде во контејнерот и да нема контакт со надворешноста или рацете.

Миењето на рацете треба да трае доволно, 20 секунди, а тоа значи да речеме во себе песничката, на пример “Денес ни е прекрасен денот (Данас нам је диван дан)” – истакна тој.

Затоа, ако вашиот сапун стои во пластична кутија, време е да ја замените. Еве како правилно се мијат рацете и зошто се потребни најмалку 20 секунди за убаво да се измијат:

https://www.facebook.com/100001009959974/posts/2972807316096238/

 

Loading...