НИТУ ЕДЕН ИНСЕКТ НЕМА ДА СЕ ПРИБЛИЖИ ДО ВАШАТА КУЌА: Само ставете тегла со ова внатре

Сосема природни, но спасоносни решенија!

Со покачувањето на температурата и топлото време, почнуваме сè повеќе да престојуваме надвот и да уживаме во природата. Но, со потоплото време, несаканите гости – инсекти – неизбежно доаѓаат во домот и во вашата градина, пишува НМД.мк

Комарците, мувите, стршлените, осите, пајаците и разни други инсекти, никој од нас не ги сакаме во нашиот дом, ниту пак да ни прелетуваат околу нас додека одмораме во нашата градина. За среќа, постојат сосем природни начини да ги задржите инсектите подалеку од вашиот дом.

Од потребни состојки ќе треба да си обезбедите една стаклена тегла со широк отвор, а другите состојки одберете ги по сопствен избор.

Против комарци

Потребни состојки: 5 капки есенцијално масло од лимон, евкалиптус и цитронела, половина лимон и половина лимета исечени на парчиња, 2 гранчиња рузмарин, пловечка свеќа (мала свеќа во метален држач).

Ставете ги сите состојки во теглата, без мешање, долејте вода речиси до врвот, ставете свеќа одозгора и запалете ја. Оваа тегла можете да ја чувате на тераса, на прозорците и на другите отвори во куќата.

Доколку ви пречи мирисот на цитрус, пробајте го рецептот со лаванда и ванила:

Потребни состојки: 15 капки есенцијално масло од лаванда, 3-4 лажици екстракт од ванила, 3-4 лажици сок од лимон.

Постапка: измешајте ги состојките во тегла или шише со спреј и користете секој ден – оставете ја теглата на критични места или испрскајте го воздухот во просториите два до три пати на ден.

Против оси и стршлени

За овој рецепт, треба да направите дупки во капакот на теглата. Ставете мед на дното од теглата и разредете го со малку вода или додајте лажица џем. Слаткиот мирис ќе ги привлече инсектите, ќе влезат низ дупките, но нема да можат да се одделат од смесата со мед. Заменете ја теглата ако е потребно.

Против разни бубачки

Ако вашата цел е да се ослободите од неколку видови инсекти истовремено, овој рецепт е за вас! Потребни состојки: 30 мл маслиново масло, една капка есенцијално масло од цитронела, евкалиптус, нане, чајно дрво, мирта и чемпрес.

Постапка: измешајте ги сите состојки во теглата, додајте малку вода и измешајте – само внимавајте да не ја држите смесата близу до очите, дури и додека ја правите.

Против муви

За да ги одбиете досадните муви, можете да ја користите истата стапица како и за оси, но постои поедноставен начин – наполнете ја теглата со вода, ставете една паричка и ставете ја на добро осветлено место.

Наместо транспарентна тегла, можете да користите и кеса наполнета со вода. Мувите чувствуваат дека ова ги загро-зува и тие брзо ќе почнат да бе-гаат од вашиот дом.

Против пајаци

Потребни состојки: 1,5 чаша вода, половина чаша ал-кохолен оцет, 20 капки есенцијално масло од луто нане.

Постапка: истурете вода и оцет во шишето со спреј, а потоа додајте го есенцијалното масло. Добро протресете ја смесата. Попрскајте ги местата зад плакарите, мијалниците, аглите во бањата или сите места каде се појавуваат пајаци.

Оваа мешавина нема да ги у-бие инсектите, но ќе ги оддалечи од вашиот дом. Повторувајте ја постапката одвреме навреме за да не се вратат. Можете исто така да користите есенцијално масло од евкалиптус наместо луто нане. Ефектот ќе биде ист, но нането има попријатен, поблаг мирис.

Дополнителни совети

За да го прилагодите интензитетот на мирисот, направете дупки во капакот или извадете го целосно. Кога станува збор за капакот со дупки, мирисот се ослободува побавно и трае подолго.

Во сите рецепти, можете да ја замените водата со стопен восок – на овој начин ќе трае подолго и ќе дејствува побрзо.

Претходна статијаОВОШНО ЗАДОВОЛСТВО: Готово е за неколку минути, нема потреба од печење
Следна статијаСупер мека и лесна жолта погача со кашкавал – мека како памук, се топи во уста