Никогаш не сте пробале нешто повкусно! Доколку имате 1 јајце, вода и брашно, направете го овој вкусен рецепт. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
160 мл топла вода
5 г пивски или обичен сув квасец
1 јајце на собна температура
2 лажици шеќер
2 лажици масло
рендана кора од портокал
арома на портокал
360 г брашно
2 г прашок за пециво
1/2 лажичка сол
една лажичка путер
ПОСТАПКА:
Квасецот растворете го во топла вода и тргнете го настрана. Во посебен сад изматете го јајцето со шеќер, масло, рендана кора и арома на портокал. Брашното просејте го и помешајте го со прашок за печиво и сол.
Измешајте ги течноте состојки и постепено започнете да го додавате брашното. Кога ќе се формира компактно тесто замесете го со рака и додајте го путерот. Месете уште малку колку да се инкорпорира и измазни тестото.
Покријте го и оставете го да ферментира еден час на топло место или колку што е потребно за убаво да го удвои волуменот. Потоа поделете го на два дела, обликувајте топки и секоја развлечете ја врз хартија за печење во тенка кора со дебелина од 1 см.
Исечете ја кората во триаголници, малку потргнете ги и исечете ја хартијата, така да секој триаголник лежи врз посебно парче хартија. Покријте ги и оставете ги повторно да ферментираат, 40 минути.
Во тава загрејте масло со 1-2 см длабочина на умерена температура. Спуштајте ги триаголниците сосе хартијата во загреаното масло. По неколку секунди кога ќе се натопат, извчечете ја хартијата и продолжете го пржењето.
Кога ќе зарумени од едната страна, превртете ги крофничките и пржете ги уште неколку минути од другата страна. Вадете ги врз хартиена салветка, а потоа валајте ги во ситен кристален шеќер. Постапката погледнете ја во видеото ТУКА.