Оваа снимка и го спасила животот. Претходно лекарите ја убедувале дека била под стрес и во момент на паника само да дише длабоко. Меѓутоа, следниот удар одлучила да го сними, за конечно да се уверат дека не станува збор за стрес, туку дека доживува мозочен удар.

Канаѓанката Стејси Јепс со камерата на својот на телефон го снимила моментот кога доживувала мозочен удар, а потоа ја објавила снимката. Како што таа вели, штом почувствувала дека и се парализира левата страна од лицето, одлучила да почне да снима, за да може да се забележат сите симптоми.

-Сега е 2.април, 6:42 и повторно се случува. Не знам зошто – вели таа додека ја започнува оваа снимка. Ова не и се случувало првпат, туку веќе извесно време добивала послаби шлогови. Првиот мозочен удар и се случил додека возела. Вели, дека одеднаш почувствувала слабост во телото и ја преплавила паника.

Пред тоа, додека лежела на каучот, почувствувала како целата лева страна и се умртвува. Кога отишла во Итна помош, лекарите и ја дале следната дијагноза: Стрес и ја посоветувале дека, ако се повтори, само да дише длабоко.

Затоа вели, помеѓу другото, одлучила да ги сними своите симптоми. Бидејќи, колку и да му се жалела на својот лекар, тој инсистирал на тоа дека станува збор за стрес.

Дури, откако снимката ја покажала на друг лекар, и бил дијагностициран послаб мозочен удар. Поточно, во оваа снимка таа доживеала три мозочни инфаркти.

-некогаш е тешко прецизно да се опишат симптомите на мозочен удар и да се дијагностифицира. Видео снимката многу го олесна тоа. Ако ги игнорирала симптомите, веројатно би доживеала уште неколку вакви инфаркти, со што би можела да доживее некоја трајна штета.

Сега е на терапија за да се спречат таквите епизоди и телефонот секогаш и е при рака – вели д-р Шерил Јакобин од “Krembil Neuroscience Centre”, каде сега оваа снимка им се покажува на студентите за полесно да ги сфатат симптомите на шлогот. Снимката можете да ја погледнете подолу во текстот.

Почетните симптоми на мозочниот удар понекогаш се тешко препознатливи и пациентот може да доживее тешко оштетување на мозокот.

Најчести симптоми:

-отрпнатост, слабост или одземеност на лицето, рацете или нозете, особено ако е зафатена само едната страна од телото;

-пореметување во говорот: отежнато и неразбирливо изговарање на зборовите, целосна оневозможеност за изговарање на зборови и/или е отежнато, односно целосно неразбирање на говорот од друго лице;

-нагло замаглување или губиток на видот, особено на едното око или на половината од видното поле;

-појава на нагла болка проследена со повраќање без видна причина;

-губиток на рамнотежата и/или координацијата поврзано со други симптоми;

-вртоглавица, несигурност и занесување во одот, изненадни падови поврзани со други симптоми.

Ова е видеото на Стејси кое го снимила во моментот да добивање мозочен удар: