Анонимно: Испив апче за “Ден потоа” и ми доцни 43 дена, ме фаќа паника и покрај негативниот тест од завчера

“Ве молам, би сакала мојот проблем да го објавите анонимно и доколку може некој да ме посоветува што да правам.

Добар ден на сите… Знам дека сум многу досадна, но навистина веќе не знам што да правам, на кого да му се обратам.

Минатиот месец, поточно на 21 октомври, момчето ејакулираше вон, но мене ме фати некоја паника од предсемена течнсот и испив апче за ден пота…Менструација имав на 26 октомври, предизвикана од апчето.

По правило, следната менструација требаш да ми дојде за 28-30 дена од предизвиканата, со можно задоцнување од 10 дена.

Loading...

Мене денес ми е 43.ден од циклусот и сè уште ништо. Пред некој ден баш многу ме болеше грбот и имав болки како бодежи во јајниците, пред два дена ми излегоа бубулици, бев сигурна дека ќе добијам. Меѓутоа, ништо…

Вчера имав некој кафеав секрет во многу мали количини, а исто така, последните неколку дена 6-7 имам појачан бел секрет…

Направив тест за бременост пред два дена, со првата урина и излезе дека е негативен. Прочитав на некој форум дека жената кога не е сигурна дали е бремена, може да испие пиво и квасец и дека тоа ќе предизвика менструација во рок од 24 часа, под услов да и доцни. Дали вие знаете нешто околу ова? Навистина ми значи секој совет.

Навистина многу се нервирав откако го испив апчето, размислував “што ако ова”, “што ако она” и веројатно со таа нервоза дополнително влијаев врз циклусот. Од тој однос вкуспно направив 5 тестови, а последниот беше завчера и сите беа негативни. Ама читајќи разни искуства, ме фаќа паника и се си мислам дека е лажно негативен.”

ОДГОВОР:

“Апчето за итна контрацепција која се користи до 72 часа после незаштитен сексуален однос – може да се купи во аптека, без лекарски рецепт. Нејзината ефикасност за спречување на несакана бременост е 81-90%, но важно е да се нагласи дека тоа е директно поврзано за времето – мора да се испие што поскоро! Најделотворна е кога ќе се испие првите 12 до 24 часа од ризичниот однос.

Може да се појават несакани ефекти кои се доста ретки. Сепак, станува збор за симптоми како што се:

-мало пореметување на менструацијата,

-мачнина,

-напнатост во стомакот и градите,

-во ретки случаи, повраќање.

Повеќето жени ќе добијат менструација во вообичаено време, но некогаш може да се јави и преуранета менструација, како и нерегуларно, дамчесто крвавење или интерменструално крвавење.

Доколку дојде до повраќање во рок од три часа откако се конумирало апчето, потребно е да земе уште едно. Ако менструацијата доцни повеќе од 5 дена, невообичаено е оскудна или обилна – треба што поскоро да се обратите на гинеколог.”

Loading...