Јачменот претставува тврдо зрно по должината на работ на очниот капак. Оваа состојба може да биде б олна или ири тирачка, но ретко сериозна. Често поминува за кратко време со природни лекови.

Јачменот на окото е локализирана инфекција или воспаление на лојните жлезди на очниот капак, што предизвикува црвено грутче и оток во близина на работ на очниот капак. Инфекцијата најчесто е предизвикана од бактерија од групата Стафилококи и може да предизвика б олка во очните капаци.

Јачменот е акутна инфекција што предизвикува црвена грутка по должината на работ на очниот капак. Ако јачменот се појави во внатрешноста на очниот капак, таквата состојба се нарекува внатрешен јачмен.

Заедничко за надворешниот и внатрешниот јачмен е тоа што предизвикуваат воспаление на очните капаци. Постојат неколку можни причини за појава на јачмен, кои вклучуваат бактериска инфекција на очните капаци, сувост на очите, габична инфекција на очните капаци или паразити. Воспалението и сувите очи често се појавуваат во исто време.

Јачменот на окото е предизвикано од бактериски инфекции. Обично бактериите растат на коренот на влакното (трепките). Внатрешниот јачмен е предизвикан од инфекција на малите жлезди во внатрешноста на очните капаци.

Јачменот се појавува и кај мажите и жените и може да се појави во сите возрасни групи. Многу почесто се јавува кај жените поради лоша хигиена на очните капаци, т.е. нередовно чистење на шминката од работ на очните капаци преку ноќ.

Исто така, често се јавува кај дијабетичари, затоа е потребно веднаш да се провери глукозата во кр-вта доколку воспалението се повторува и почесто на очниот капак. Фаќањето на лицето со валкани раце, исто така може да предизвика појава на јачмен.

Јачменот обично започнува како црвено грутче по должината на работ на очниот капак. Како што расте јачменот, очниот капак станува отечен и болен, а очите може претерано да се стеснат.

Најчесто јачменот отекува три дена пред да истече г-ној и пред воспалението да се смири. Јачменот на окото обично не трае подолго од една недела и обично поминува спонтано.

За разлика од надворешниот јачмен, внатрешниот најчесто не предизвикува б олка. Внатрешниот јачмен расте побавно од надворешниот, а ако е многу голем може да влијае и на острината на видот.

Воспалението и отокот може да се прошират на областа околу очите. Во повеќето случаи, јачменот е безопасен и нема да влијае на острината на видот. Меѓутоа, ако нема подобрување во рок од 48 часа, препорачливо е да посетите офталмолог.

Се препорачува посета на лекар во следниве ситуации: ако отокот не се намали, ако се влоши целокупната состојба, ако грутката е толку отечена што го попречува видот.
Ако чувствувате б олка во окото или во пределот на окото или доколку често се појавува.

Лекарите дијагностицираат јачмен со испитување на предниот сегмент на окото на биомикроскоп. Домашните третмани во повеќето случаи се доволни за да се излечи јачменот. Воспалението обично не трае подолго од една недела и често поминува спонтано. Сепак, понекогаш е потребно да се вклучи терапија.

Топли облоги

Нанесете топли облоги од 5 до 10 минути, три до шестпати на ден. Ова обично помага побрзо да се лекува заразената област. Исто така, може да помогне во отворање на блокираните пори, со што побрзо ќе се исцеди г-нојот.

Препорачливо е да не се носат контактни леќи и да не се користи шминка додека да зарасне инфекцијата. Не го истискувајте г-нојот на своја рака, оставете да се излечи сам по себе.

Ако не успеете да ја излекувате состојбата со домашно лекување, не заборавајте да контактирате со лекар. Во повеќето случаи, терапијата со топла облога со додавање на антибиотици во форма на капки и масти ефикасно го третира јачменот на окото.

Иако се појавува и кај возрасни луѓе, јачменот е главно детска болест. Тоа е г-нојно воспаление на ситните жлезди кои се наоѓаат на трепките и кои излачуваат маст за подмачкување на трепките.

Болеста е непријатна, бидејќи предизвикува пречки и б олки. Најпрво отекува, потоа се стврднува и постепено се зголемува. Кога ќе созрее, т.е. кога во него ќе се развие г-нојниот чир, потребно е да се отвори за да може г-нојот да истече.

Понекогаш пукнува сам, па г-нојот, посебно ноќе се разлева во окото. Јачменот често се враќа поради постојано триење на окото или поради стеснување на каналот кој ги спојува носот и окото.

Лекување: Врз очниот капак се става облога од натопена памучна крпа со домашна сливова ра-кија, која треба да отстои еден час. Потоа се става нова облога од натопена памучна крпа во маслиново масло со која треба да се преноќи. Наутро се плакне со млак чај од камилица.

5 г камилица се прелива со половина литар превриена вода, да стои поклопено додека да се излади. Со овој чај треба да се измива окото трипати дневно.

Оваа смеса го лекува јачменот за 1 ден. Потребни состојки: 1 јајце, 1 компир, 250 мл млеко.

Постапка: Компирот оставете го да отстои во вода (претходно добро измиен, но неизлупен) неколку часа. Потоа исплакнете го и ставете го да се вари во друга вода исто така, неизлупен. Откога ќе омекне, изгмечете го компирот како пире.

Во него додајте го јајцето и млекото и измешајте ја смесата. Вака подготвената смеса, ставете ја на газа и нанесете ја врз затворено око да отстои 20 минути. Повторете ја постапката два до трипати на ден.

Неколку начини да ја спречите појавата на јачмен на окото

Не го тријте очите. Ова може да ги иритира очите и на овој начин бактериите можат да стигнат до окото. Заштитете ги очите од загадување на прашина и воздух кога можете.
Заменете ја шминката за очи, особено маскарата, на секои 3 месеци.

Ако јачменот се појавува често, треба да извршите поопширни тестови за да ја откриете причината. Никогаш не го стискајте јачменот на окото. Мора да дозволите г-нојот да излезе сам по себе со препорачаната терапија.

Ако имате чести инфекции, офталмолог може да ви препише антибиотска маст за да спречи појава на јачмен повторно. Исто така, ќе ви препорача почесто чистење на работ на очните капаци, за да се намали можноста за повторување на јачменот или некое друго воспаление.

Малите црвени јачменчиња кои најчесто се јавуваат во пределот на очите, можат прилично да бидат иритабилни и да не изнервираат. Тие меѓутоа, не се ништо претерано сериозно, но и покрај тоа треба правилно да се третираат.

Јачменчињата можат да се формираат кога некоја бактерија ќе дојде во допир со слузокожата од капакот на окото. Кога ќе се појават б олат на допир, но како „стареат“ и зреат стануваат се помали и помалку болни. Лекарите обично за јачменчињата препишуваат ора-лни антибиотици, а понекогаш и капки за очи.

Важно е само никако да ги дуп-нувате и да не ги цедите, бидејќи тоа може да биде опас-но и сериозно, многу поопас-но од цедењето на обичните мозолки. Тоа е така бидејќи инфекцијата може да се рашири и на останатите делови од капакот, како и на другите делови од слузокожата околу окото.

Исто така, би можело да се случи и да влезе во окото, па дури и да дојде до мозокот преку кр-вните садови, што би можело да биде фа-тално. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска