Никогаш нема да настинете: Зајакнете го имунитетот со овој моќен напиток (РЕЦЕПТ)

Овој период владеат вирози и настинки, па добро е да го зајакнете имунитетот. Ова е одличен напиток кој ќе ви помогне во тоа.

Потребни состојки:

1 чешне лук
½ лажица куркума
1 лажица рендан ѓумбир
2 портокали – сок
½ лимон – сок

Постапка:

Лукот ситно исечкајте го и оставете го 10-тина минути на собна температура. Потоа изблендирајте го заедно со останатите состојки.

Loading...

Напитокот е најдобро да се испие наутро, на гладен стомак.

Ако правите поголема количина, чувајте го сокот во фрижидер. Се пие по една чаша 3-4 дена по ред.
Вкусните портокали се најдобриот избор во ладните денови.

Исклучително се здрави, богати со витамини и влакна. Нивните својства значително се засилуваат кога ќе се искомбинираат со другите намирници кои се содржат во рецептот. Еве зошто треба почесто да ги консумирате портокалите.

Го зајакнуваат имунитетот – Портокалите се богат извор на витаминот Ц. Овој важен нутриент го зајакнува имунитетот, па така ве штити од болести и инфекции.

Одлични се за кожата – Портокалите се богати со антиоксиданти и витамин Ц, состојќи кои го забавуваат процесот на стареење. Ако сакате да ја спречите појавата на брчките, почесто јадете портокали.

Го чуваат здравјето на очите – Портокалите се богати со нутриенти како витаминот А, Ц и калиум кои се важни за зачувување на здравјетo на очите.

Спречуваат чир во желудникот – Портокалите се добар извор на влакна кои го чуваат здравјето на стомакот. Исхраната богата со влакна спречува болести како чир на желудникот и опстипација.

Loading...