Православните христијани кои се водат според Јулијански календар на 13 јануари ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година. Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.




На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.




Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги пpoгонyваат лошите cили.




Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.




Празникот Василица, во Македонија, во зависност од пределот се среќава под различни имиња, како на пример, Сурова, Сирова, Сурва, Суроа, Васуљица итн. Според своите карактеристики, овој празник најмногу асоцира на празник co народни обичаи и обредни активности кои се поврзуваат co Новата година.




Карактеристично за овој празник е што се паѓа во периодот на т.н. „Некрстени денови” кои започнуваат на Божик, а завршуваат на Водици. Според народното верување, некрстените денови го опфакаат периодот кога Исус Христос сè уште не бил крстен и ѓаволот заедно co своите соработници се обидувал да го излаже за да не се крсти.