Home Рецепти Нежни кокос мафини без јајца, без миксер, готови за 20 минути

Нежни кокос мафини без јајца, без миксер, готови за 20 минути

Многу фино тесто “на шолја”, јас правев мафини, а може да се испече и како колач во било кој калап. Се приготвува од состојки кои веќе ги имате во домаќинството, без јајца и без миксер. Особено се вкусни за љубителите на кокосот.

Потребни состојки: 1,5 шолја шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за печиво, 2 шолји брашно, 1 шолја кокос, 1 шолја млеко, 1 шолја масло, 1 шолја јогурт. За наросување: шеќер во прав

Постапка: Користете шолја за чај од 200 мл. Прво измешајте ги сите суви состојки, со лажица, не ви е потребен миксер.

Потоа додадете ги постепено течните состојки и добро промешајте за да не останат грутчиња.

Како што кажав претходно, можете целата смеса да ја излеете во некој калап, а можете и како мене да полните калап за мафини.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени додека малку да заруменат, а потоа пробајте со чепкалка дали е печено.

Печените мафиниадете ги малку да изладат, па извадете ги од калапот и наросете ги со шеќер во прав.

Од оваа количина се добиваат 15-тина мафини, во зависност од величината на калапите.