Лековито масло со лути пиперчиња за ревматски болки, невралгија и болки во зглобови

Ова одлично масло не само што можете да го користите во кујната за зачинување на вашите омилени јадења, туку можете да го користите за лекување, како и за антицелулитна масажа и третирање на слаба циркулација.

Маслото се прави од лути црвени пиперчиња и одлично помага при радикулитис, миозитис, невралгија, реума и болки во зглобовите.

Маслото од лути пиперки спаѓа во групата на иритирачки и загревачки масла. Поседува дразбено делување: ги шири капиларите, ја зголемува циркулацијата на крвта во горните делови на кожата, го зајакнува витаминскиот метаболизам и ги активира регенеративните процеси на епидермисот.

Потребни состојки:

10 свежи лути пиперчиња
2 чаши ладно цедено маслиново масло
Стаклена тегла

Подготовка:

1.Пиперчињата се мијат, им се отстранува рачката и се мелат на машина за мелење месо. Се добива околу 1 чаша мелени пиперки.

2.Мелените пиперки ставете ги во стаклената тегла и прелијте со маслото. Оставете на темно место, да отстои една недела.

3.После 7 дена, процедете ја содржината низ газа или цедалка.

Содржината од мелените пиперки можете да ја складирате во стаклена тегла и да ја чувате во фрижидер. По потреба користете како додаток на јадењата.
Маслото складирајте го во стаклено шише и користете го за масирање.

Во почетокот маслото треба да втријува во кожата неколку пати дневно, при болки во зглобовите. Се чувствува пецкање на кожата, подносливо дури и пријатно, затоа што маслото длабоко ја загрева кожата. Потоа болните места мора убаво да се затоплат со топла ткаенина за да се задржи топлината на телото.

Со време, интензитетот на нанесување се намалува, па така по изминати месец-два, процедурата може да се прави еднаш неделно, по потреба.

Маслото се чува на темно место, или во фрижидер.

Loading...