Лекси Рид од Индијана имала 220 килограми, а нејзиниот сопруг Дани имал 127 килограми во 2016 година. Заедно одлучиле да ослабат, а во тоа успеале за 18 месеци. Трансформацијата е неверојкатна.

„Немавме план на оброци, операција или личен тренер, но се имавме еден со друг и мотивација да работиме напорно секој ден.

Сакавме да станеме родители во иднина и долго да живееме“ – напишала лекси на Инстаграм каде ја споделила својата приказна и фотографиите на кои двајцата се речиси непрепознатливи.

Се венчале во 2015 година и дневно јаделе по 8000 калории.

Откако престанале да јадат брза храна и започнале да готват и да одат во теретана 5-6 пати седмично, изгубиле половина од својата тежина за 12 месеци.

Лекси ослабела 136 килограми. Во текот на тој период Лекси добила 500.000 следбеници на Инстаграм кои биле восхитени од нејзината напорна работа и одлучност.

„Не мораш вака да живееш до крајот на животот. Тоа си го реков себе си и започнав!“ – се присетува сега. Исто така, истакнува дека нејзиниот сопруг кон неа сега се однесува исто како што се однесувал и кога имала многу повеќе килограми.

„Никогаш не ме гледаше според мојата телесна величина, никогаш не побара од мене да се променам и не направи нешто како би се почувствувала поинаку. Тој секогаш се однесуваше кон мене како кон убавица. Љубовта нема ограничување во тежината или бројот.

Бидете опкружени со луѓе кои ќе ве подигнат и во вас ќе ја видат величината кога самите не можете да ја видите“ – порачува таа.