Феноменални пудинг бомбици без печење, готови се за 15 минути, превкусни, се топат во уста

Брзо се приготвуваат, излегуваат доста, превкусни се, лапни-голтни!

Потребни состојки:

2 пакувања пудинг од чоколадо (во прав)
1 жолчка
2 супени лажици рум
2 супени лажици вода
50 г шеќер во прав
50 г путер или маргарин
Кокос, мелени лешници, мелени ореви

Постапка:

Со жица измешајте го шеќерот во прав со жолчката, румот и водата. Оваа смеса сварете ја на пареа, па кога ќе забележите дека останува трага во садот, значи дека е готово.

Веднаш, во врело додадете путер и пудинг во прав (значи не треба да го варите пудингот).

Добро промешајте со жица, ќе биде доста лепливо, но така треба. Оставете во фрижидер еден час или час и половина.

Потоа со рака многу лесно се обликуваат бомбиците. Можете да ги валкате во кокос, мелени лешници или нешто по ваш вкус.

Излегуваат 21 бомбица, вие ако сакате зголемете ја дозата.

Loading...