Пченкарни коцки со брокула, брзо, вкусно, лесно и многу здраво

Потребни состојки:

200 г пченкарно брашно

200 г пченично брашно

2 јајца

Сол по потреба

1 прашок за печиво

300 г брокули (свеж или замрзнат)

200 мл масло

300 мл млеко

100 г кашкавал (може и свежо младо сирење)

Малку сусам за наросување одозгора

Постапка:

Брокулата кратко избланширајте ја, процедете ја и исечкајте ја на ситни парчиња.

Изматете ги јајцата со сол (количината зависи од тоа кое сирење го користите), постепено додавајте масло и млеко, па потоа двете брашна измешани со прашок за печиво. На крај со шпатула измешајте го сирењето (ако е ајдамер исечете го на коцкички) и брокулата.

Фино соединете и излејте во намастен плех. Одозгора наросете сусам.

Печете на 200 степени околу 20 минути, убаво да зарумени.

Исечете на коцки и сервирајте по желба.

Од оваа смеса можете да правите и солени мафини.

Loading...