Плевелот е најголемиот проблем градинари и љубителите на убавиот и среден двор, а сега има решение со кое лесно ќе се отстрани и тоа без штетни хемикалии. Секоја година со нетрпение ја очекуваме пролетта и садењето украсна трева и цвеќиња во градината, а потоа се среќаваме лице в лице со најголемиот непријател – плевелот.

фото: NMD.mk

Плевелот може да го уништи секој тревник, а често самите придонесуваме за тоа бидејќи не ги почитуваме основните правила за негово одржување. За негово отстранување обично се користат различни хемикалии кои ни најмалку не се добри за нашето здравје, но многу лесно може да одбегнете.

фото: NMD.mk

Ако не сакате да користите токсични хемикалии за да ги отстраните плевелите, особено оние кои растат помеѓу бехатонот и ја уништуваат убавата глетка, обидете се со едно едноставно домашно средство кое можете да го „направите сами“.

Љубителите на цвеќето знаат колкав труд е потребно да се вложи за да биде градината убава и раскошна. Секоја билка бара свој простор за да може да се шири, расте и развива, но за жал повеќето украсни билки се многу нежни и честопати се потиснати од други, инвазивни и поотпорни треви.

фото: NMD.mk

За да им се овозможи непречен раст на билките потребно е редовно да им се ослободува просторот од таквите инвазивни треви. Тие од земјата му ги земаат хранливите материи кои биле наменети за вашето цвеќе и со тоа му оневозможуваат негово буење.

Досега на НМД можевте да прочитате разни совети како цвеќето е најдобро да се одгледува, како да се прихранува и какви услови се потребни за тоа правилно да се развива, а овојпат со вас споделуваме уште еден корисен совет, за тоа, како на природен начин да се ocлободите од плевелот, а притоа да не го оштетите вашето цвеќе.

фото: NMD.mk

Ако ви здодеа секојдневно да го корнете досадниот плевел, постои едноставно решение кое се крие во вашата кујна. Плевел се сите инванзивни билки кои лесно се размножуваат, а поради кои се отежнува работата во градината. Плевелот честопати знае да го окупира просторот и да му ја одзеде храната на растението кое го одгледувате.

фото: NMD.mk

Исто така, плевелот може да расте и во најситните пукнатини од ѕидовите и патеките, помеѓу бехатонот и украсните цигли, па со неговата мрежа од корења да предизвика штета. Некои пак видови плевел се штетни за поедини луѓе кои се алергични, па предизвикуваат труења и дерматитис. Ако и вие имате ваков проблем, пробајте го овој домашен производ кој многу лесно се приготвува.

фото: NMD.mk

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (прва варијанта): ¼ шолја сол, ½ лажица детергент за садови и ½ шолја јаболкова киселина. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (втора варијанта): 1 литар бел, алкохолен оцет 9%, 3 супени лажици сол, 3 супени лажици детергент за миење садови и шише со спреј.

ПОСТАПКА: сите состојки добро измешајте ги и добиената течност складирајте ја во шише со спреј/распрскувач. Прскајте го директно само коровот, а другите билки заштитете ги со картонска плоча или слично. Без штетни хемикалии, природно и ефикасно. Постојат уште неколку начини кои би можеле да ги пробате:

фото: NMD.mk

КУЈНСКА СОЛ. Едноставно наросете ја солта директно врз плевелот или направете раствор од две чаши вода и една чаша кујнска сол. Ова е доста густ, заситен солен раствор со кој треба да се испрска несаканата трева. Од овој раствор плевелот не може да опстане. Кујнската сол ефикасно ги уништува и штетниците како што се голите полжави.

Пченкарно брашно. Служи и како превентива за раст, но и како уништувач на несаканите растенија. Сè што треба да направите е да наросите малку пченкарно брашно врз несаканата трева или на место каде што не сакате да никне плевел.

фото: NMD.mk

Оцет. Испрскајте ги лисјата или стебленцата на плевелот со чист ал-ко-хол или јаболков оцет. Можеби ќе треба да го повторите овој метод, особено ако заврне дожд непосредно по нанесувањето на оцетот. Киселината од оцетот ќе ја поништи несаканата трева засекогаш, но внимавајте капките да не завршат и врз цвеќето или во земјата, бидејќи на тоа место веќе ништо нема да расте.

Врела вода. Најевтиниот, но многу ефикасен метод за уништување на несаканиот плевел. Внимателно залијте го плевелот со топла вода и таа ќе биде отстранета засекогаш. При примена на сите овие препарати секогаш бидете внимателни да не ја контамирате почвата на која во иднина би сакале да растете билки.

Прочитајте: ЗЕЛЕН ТРЕВНИК КАКО ТЕПИХ НА ФУДБАЛСКО ИГРАЛИШТЕ: Три тајни за најдобар тревник и трик со пиво за пополнување на празнините – ОВДЕ. За да имате тревник зелен и густ како тепих, еве што да направите, прочитајте ОВДЕ.

фото: NMD.mk