Неодамна една роденденска прослава на Флорида се претвори во катастрофа. Мајката видно се вознемири и почна да плаче откако нејзиниот сопруг се пошегува и и’ ја „плесна“ тортата во лице, пред сите присутни гости.

Дали овој тренд кој стана сè попопуларен на социјалните мрежи отиде предалеку? Или пак реакцијата на жената е претерана? Мислењата од јавноста се поделени откако видеото од целата случка беше јавно објавено.

Повеќето мали деца на нивните родендени дуваат свеќички, а потоа им се дозволува да ја корнат и растураат тортата со нивните рачиња, барем пред да се подигне и да се однесе на сечење. Но, ова малечко никогаш не доби таква шанса на својот прв роденден.

Кога малиот Роберт наполни една годинка, а вкусната торта беше поставена веднаш пред него на прославата за неговиот роденден, татко му му помогна да ја вкуси глазурата и го охрабри својот син да ужива во неа со рачињата.

Но, она што навистина го сакаше неговиот татко, е „да ја шлакне тортата“, а што е голем тренд на социјалните мрежи. „Сите сакаат да му подготват незаборавен роденден на своето дете, особено ако тоа е прв и да го направат познатото „шлакнување со торта“, рече мајката на Роберт, Канди Малрој од Тампа, Флорида.

Меѓутоа, за нејзино големо изненадување, таткото отишол чекор понатаму и тортата и’ ја шлакнал нејзе в лице. Канди видеото го објавила на социјалните мрежи и за кратко време стана вирално. Меѓу другото, таа се пожали од однесувањето на сопругот.

Кога Канди го објави видеото, таа напиша: „Ако уште еднаш му се случи да ми направи вакво нешто, нема да доживее за да зборува за тоа.“ „Мислев дека ми ја подаваше тортата за да ја пробам, но следното нешто што се случи, можете и сами да го видите.“

„Бев многу повредена. Избегав во тоалетот за да се измијам и да се исчистам од тортата. Му се јавив на татко ми и плачев како бебе“. Видеото можете да го погледнете ОВДЕ. Многумина под видеото искоментираа дека тоа воопшто не е причина за кавга, а камо ли за развод, и дека Канди е незрела личност која само бара внимание. Но, имаше и такви кои ја советуваа веднаш да се разведе од него.