НЕПЕЧЕН КОЛАЧ СО ЦРВЕНО ОВОШЈЕ: Брз, лесен и вкусен колач кој можете често да го правите

Непечените и брзи торти ги има во најразновидни варијации и комбинации од вкусови. Таков е и овој прекрасен колач на нашата пријателка Beti Josi (Klara Boss) кој се приготвува со црвено овошје, во случајот капини, а може и со мешавина од шумско овошје, малини, јагоди, вишни…

Непечен колач со црвено овошје – Beti Josi (Klara Boss)




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПОДЛОГА: 300 г мелени бисквити, 100 г стопен путер и 100 мл млеко. За желе од капини: 300 г капини (или јагоди, малини…), 100 мл вода, 5 лажици шеќер и 10 г желатин + 8 лажици вода. За бел крем: 350 гр овошен јогурт од јагоди, 200 г кисела павлака или цврст јогурт, 300 мл слатка павлака, 10 г желатин + 8 лажици вода. За ганаш: 200 г чоколадна табла со вкус на јагоди и 100 мл слатка павлака




ПОСТАПКА: Измешајте ги состојките за подлогата и добиената смеса натапкајте ја на дното од калапот со флексибилен обрач, 25х25 или 20х30 (со обложено дно). Јас овој чекор го заменив со овално-долгнавести бисквити потопени во млеко (плазма или слични).




Секој желатин посебно растворете го, со по 8 лажици вода и оставете го да набубри. Овошјето, кое во изворниот рецепт беше јагоди, а кај мене се капини и се покажа дека е подобар избор (не сум имала поим, додека не пробав која лyда комбинација е мешањето на вкусовите на капини и јагоди!).




Овошјето по ваш избор ставете го со шеќерот и водата да зоврие, тргнете го од рингла и испасирајте го, па додајте го растворениот желатин. Мешајте додека се соедини и тргнете го на страна, да се лади. Овој чекор препорачливо е да го направите прв за да има време убаво да се излади.




Секако, овде по ваш избор или можност може да комбинирате бобести и црвени овошја како што се: јагоди, капини, малини, боровинки и сл., а исто така и со изборот на вкусот на овошниот јогурт. Сепак, јас ќе ви препорачам пред сè да го пробате еве, баш мојот избор.




Додека се лади овошното желе го спремаме белиот дел. Благо ја матиме слатката павлака, колку само да зацрврсти. Во истиот или во посебен сад ги мешаме овошниот јогурт и киселата павлака и потоа ги соединуваме кратко со миксер сите заедно.

Непечен колач со црвено овошје – Beti Josi (Klara Boss)




Набубрениот желатин го топиме (на пареа или во микробранова печка) и во него додаваме 2 лажици од белата смеса, мешаме да се соедини и потоа го истураме во садот и уште еднаш кратко со миксер соединуваме.

Непечен колач со црвено овошје – Beti Josi (Klara Boss)




Половина од белата смеса истураме рамнимерно и рамниме врз подлогата од бисквити. Врз неа го истураме врз лажица внимателно желето од капини кое треба да е доволно оладено, но не и почнато да се здрвува.




Садот го оставаме 20-тина минути во ладилник, додека да фати убава кора желето, за да можеме потоа да го распоредиме и останатиот бел дел врз него.




На крај преливаме со ганашот од стопено чоколадо и слатка павлака (се загрева на тивко без да зоврие) исто така внимателно, да не го пробиеме слојот под него. Оставете го, преку ноќ, во фрижидер, убаво да се стегне пред сечењето и потоа сладете се.

Претходна статијаTAJНА КОЈА НИКОЈ НЕМА ДА ВИ ЈА КАЖЕ: Помешајте рузмарин и каранфилче
Следна статијаПрироден сируп за ублажување на тешка кашлица и прочистување на белите дробови, помага после првата употреба