НЕОДОЛИВО СЛАТКО ОД ЗЕЛЕНИ ДИВИ СМОКВИ – богатство на летото, мора да го направите

НЕОДОЛИВО СЛАТКО ОД ЗЕЛЕНИ ДИВИ СМОКВИ – богатство на летото, мора да го направите. Рецепт на каналот од Моја Кујна Рецепти, а со нас го сподели Ирена Здравеска од групата НМД рецепти.




Дивите смокви ги собрав во планина. Се собираат ова време, при крајот на летото, од јули па се до средина на септември. Дома им ги сечам опашките (дршките) со нoж, а во меѓувреме во тенџере ставете да зоврие литар и пол вода.




Потребно ќе ви биде големо тенџере, а на сликата и видеото подолу може да видите колку смокви отприлика собрав. Кога водата ќе зоврие во неа се додаваат дивите смокви. Важно е само добро да ги распоредите, бидејќи смоквите ќе лебдат на површината.




Одозгора поклопете со капак, па оставете уште малку да проврие. Потоа, водата се истура и се полни нова и повторно се чека да зоврие. Овој чекор се повторува 9 пати, како кога измивате свинска маст низ 9 води.




Исто така, потребно ќе ви биде околу 3 кг шеќер. Смоквите се варат на средна температура сè додека да добијат потемна боја накај црна. При последната вода, смоквите се вадат, а во тенџерето се става литар ипол вода, заедно со шеќерот.




Малку се промешува и се чека да се растопи шеќерот. Во растопениот шербет се додаваат смоквите, кои морам да напоменам дека не се омекнати, си ја задржуваат својата цврстина и конзистентност.




Смоквите се варат во шербетот на средна температура, сè додека да започнат уште повеќе да потемнуваат. Во меѓувреме подгответе ги теглите, претходно пастеризирајте ги или само исперете ги во машина за садови. Секоја тегла е потребно да има свој, соодветен и компатибилен капак.




Кога се готови тргнете ги од оган, покријте го тенџерето со влажна крпа и оставете да излади. Ставете лажица преку тенџерето за да бидете сигурни дека крпата нема да ви пропадне (или закачете ја со штипалки).




Оставете го слаткото малку да излади, а потоа со помош на кутлача се полнат теглите заедно со течноста, до врвот. Најпрво може да ги подзатворите лесно теглите со капакот и да оставите целосно да изладат до следниот ден, а потоа да ги затворите целосно и да ги префрлите на темно и суво место.




Теглите добро се затвораат, а десертот може да го послужувате секој пат кога ќе ви дојдат гости на кафе. Исто така, можете да ставите парчиња лимон во теглите или неколку оревчиња. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.




Претходна статијаМЕКИ И ПЕНАСТИ БЕЗГЛУТЕНСКИ ПАЛАЧИНКИ: Без брашно, потребни ви се овие 2 состојки
Следна статија6 причини зошто менструацијата ви доцни, a причината не е бременост