Многумина од луѓето се алергични на глутен кој се содржи во брашното, па бараат алтернативен начин за подготвување на овој неодолив десерт. Од рецепти за палачинки никогаш доста, а овој е навистина одличен, вреди да си го запишете. Палачинките излегуваат меки и воздушести.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 60 г крем сирење (маскарпоне или некое со низок процент на млечни масти), 2 јајца, 1 лажичка шеќер (опционо), четвртина лажичка цимет за вкус (исто така, опционо), малку путер или масло за намастување на тавата, и намаз за филување / јаворов сируп / свежо овошје / мед




ПОСТАПКА: бидејќи количината е доста мала, може да ги удвоите состојките, па да користите 4 јајца и 120 г крем сирење. По желба кој сака во смесата може да додаде цимет, какао или ванилин шеќер.




Сите состојки ставете ги во блендер и измиксајте додека да добиете изедначена хомогена смеса. Може да ставите ванилин шеќер од кесичка или како мене, шеќер во кој имам оставено неколку мешунки од ванила (шеќерот добива прекрасен и поинтензивен мирис).




Измиксаната смеса излејте ја во подлабок сад со црпалка и оставете неколку минути да излезат сите воздушни меурчиња. Кој сака, наместо шеќер може да користи и стевија како засладувач. Потребно е навистина многу малку, колку палачинките да добијат слатка нота.




Загрејте малку путер во нелеплива тава или испрскајте ја со спреј за печење и печете ги палачинките исто како и американските. Излејте четвртина од смесата во средината од тавата и оставете да се рашири без вие да ја подигнувате тавата под агол.




Печете ги минута до две или подолго на ниска температура, па многу внимателно превртете ги, внимавајќи да не ви се искинат. Од другата страна печете ги уште една минута или додека да зарумени.




На ист начин повторете ја постапката додека да ви се потроши целата смеса. Овие палачинки послужете ги со свежо овошје или овошје од замрзнувач, можете да ги прелиете со јаворов сируп или мед или пак некој друг овошен сируп.




Можете да ги мачкате со џем, нутела или некој друг намаз, џем малку сварен со сок од портокал, рендано чоколадо…има безброј кумбинации – Зорица – Поморавка / Сооlinarika.com. Коментар на Милица: „веднаш ги направив, фантастични се. Јас ги правев со рикота, а бидејќи беше сува, додадов и една лажица кисела павлака за да се размати убаво и резултатот беше одличен“.