Необичен колагенски десерт за 5 минути…Изненадете ги вашите гости со овој рецепт!
Боже, колку е вкусно! Брз десерт за 5 минути! Највкусниот рецепт со желе од павлака и кафе…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
55 г желатин
4 лажички инстант кафе
4-6 лажички шеќер
100 мл млеко
400 г кисела павлака или цврст јогурт
300 г кондензирано млеко
150 г чоколадни бисквити
750 мл вода
калап 20 см
ПОСТАПКА:
Земете 2 чаши и во секоја сипете по
15 г желатин во гранули и
50 мл ладна вода. Промешајте и оставете да набабри.
Земете 2 подлабоки садови и во секој сипете по:
2 лажички инстант кафе и
2-3 лажички шеќер.
Во едниот сад сипете 300 мл врела вода
А, во другиот сипете 200 мл врела вода + 100 мл млеко
Растворете ги желатините на пареа или во микробранова, па сипете ги по еден во секој сад.
Промешајте и сипете ги во соодветни калапи обложени со проѕирна фолија. Оставете ги во фрижидер додека да се стегнат. Потоа исечете ги на коцкички (сочувајте малку за декорација).
Во посебен сад измешајте:
25 г желатин + 150 мл ладна вода
Во друг сад помешајте:
400 г кисела павлака или цврст јогурт
300 г кондензирано млеко
Растопете го желатинот и соединете го со мешавината од јогурт и кондензирано. Додајте ги коцкичките од кафе и 150 г чоколадни бисквити.
Промешајте и смесата сипете ја во калап 20 см. Оставете во фрижидер додека да се стегне. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ:
https://youtu.be/JkRTLglUQ2Q?si=rv1chcPjZrCX-5YO