Ова е колач кој секогаш прв се забележува на масата, колку и да ви е богата трпезата и што сè да имате на неа, оваа бајадера секогаш го зема пехарот за најдобар колач и сите што ќе го пробаат се воодушевени. Затоа ова е рецептот кој сите го бараат:

Потребни состојки за прв дел: 250 г шеќер во прав, 2 јајца, 100 г лешник карамел бонбони, половина коцка маргарин (од 250 г), 250 г мелени кекси. За втор дел: 250 г шеќер, 100 мл вода, половина коцка маргарин, 250 г млеко во прав.

Постапка за приготвување на првиот дел: шеќерот во прав изматете го со две цели јајца, а потоа смесата сварете ја неколку минути на пареа додека убаво да згусне и термички да се обработат јајцата.

Кога е зготвено, додајте ги лешник карамелите (бонбоните), па мешајте додека целосно да се растопат и да се инкорпорираат во смесата. Потоа додајте го и маргаринот исечен на лентички, па мешајте додека и тој да се растопи.

На крај додајте ги мелените кекси, па убаво промешајте додека да добиете изедначена мешавина. Добиената смеса излејте ја во плех со средна величина или калап по ваш избор обложен со хартија или намастен со кокосово масло, распоредете и рамномерно израмнете.

Постапка за втор дел: во едно тенџере ставете ја водата и шеќерот, па загревајте на умерен оган додека шеќерот добро да се растопи. Потоа тргнете го садот од оган, па додајте го маргаринот исечкан на ленти и мешајте додека целосно да се растопи.

Потоа додајте го млекото во прав, промешајте и добиената смеса излијте ја врз првиот дел. Распоредете и рамномерно израмнете. По желба можете да растопите бело чоколадо или да приготвите чоколадна глазура по ваша желба и да ја декорирате бајадерата. Инаку колачот е прекрасен и без глазура.

СОВЕТ: во првиот дел јајцата и шеќерот не треба да се готват премногу долго, а смесата не треба да биде премногу густа. Овој чекор повеќе се прави за термички да се обработат јајцата. Подобро е да се додаде малку повеќе мелени кекси, за да ја добиете посакуваната густина.

Во вториот дел, ако ви се случи смесата да биде малку поретка, тогаш најдобро е да додадете лажица пудинг од ванила или уште малку млеко во прав. Ова ретко се случува, но ете, во случај да не сте задоволни со густината, ова е решението.

КАРАМЕЛ ПЛАЗМА БАЈАДЕРА

Ова е одлична, многу вкусна и брза бајадера за сите оние кои го обожаваат вкусот на карамелот. Многу е декоративна и превкусна, па за многу кратко време исчезнува од масата. нема да погрешите доколку го испробате и овој рецепт:

Потребни состојки: 3 јајца, 300 г шеќер, 200 г лешник карамел бонбони, 1 маргарин/ путер, 300 г мелена плазма. За глазура: 100 г чоколадо и 5 лажици масло

Постапка: шеќерот и јајцата гответе ги на пареа додека шеќерот да се растопи. Потоа додајте ги лешник карамел бонбоните. Кога ќе се растопат додајте путер, па потоа и мелените бисквити.

Добро измешајте додека состојките да се изедначат. Добиената смеса излејте ја во намастен плех и оставете малку да се стегне. Чоколадото стопете го со 5 лажици масло и прелијте одозгора.  Сечете на правоаголници и послужете. / recepti.com

прв рецепт
втор рецепт