Ви го пренесуваме најдобриот рецепт за качамак на кој нема да можете да му одолеете.

Качамак е еден од омилените оброци на нашите предци, чија подготовка не одзема многу време, а важи и за едно од најздравите јадења што ги чисти цревата и топи килограми.

Тоа е оброк кој се прави од пченкарно брашно или од бел или жолт пченкарен гриз. Пченкарното брашно или гризот имаат многу позитивно влијание врз целокупното здравје на човекот.

Качамакот се приготвува подолго време за разлика од палентата. Најважно за ова јадење е фактот што качамакот или палентата не содржи глутен и може да го консумира секој без разлика на возраста. Ќе ви претставиме класичен рецепт и рецепт за слабеење:

КЛАСИЧЕН РЕЦЕПТ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г жолто пченкарно брашно, 1/2 литар вода, сол по вкус. Во качамакот/палентата можете да додадете и една лажица путер за пополн вкус.

ПОСТАПКА: Сипете вода во тенџере, посолете малку и оставете да зоврие. Потоа сипете го брашното во тенок млаз и постојано мешајте за да избегнете грутки. Гответе неколку минути на средна температура додека да се згусне.

Послужување: според традицијата, топол качамак може да се сервира на различни начини: Прелиено со кисело млеко и сирење; загрејте неколку лажици маснотија во тавче, додајте сечкан кромид или праз, малку пипер и кратко промешајте, па одозгора издробете го сирењето.

Но, ако сакате качамакот да го јадете за слабеење, тогаш се приготвува на поинаков начин, а рецептот можете да го прочитате ОВДЕ: „Качамак кој радикално ги чисти цревата – ја регулира столицата, одличен и за дијабетичари“.

Качамак кој радикално ги чисти цревата – ја регулира столицата, одличен и за дијабетичари