Летото е во полн ек и секој би сакал да се разлади и да ужива во слатка и сочна лубеница. Покрај бројните летни намирници кои можат да нè освежат и да ни обезбедат нутритивно богатство, лубеницата е една од најпопуларните поради мирисот и вкусот. Сепак, со ништо не треба да се претерува, ниту со лубеницата.

И покрај нејзините извонредни придобивки, консумирањето големи количини лубеница всушност може да му наштети на вашето тело. Еве неколку несакани ефекти ако јадеме лубеница во големи количини:

1. Може да предизвика дијареа

Лубеницата е одличен извор на вода и подеднакво добар извор на диетални влакна. Сепак, консумирањето големи количини може да доведе до дигестивни проблеми како што се дијареа, надуеност итн.

Содржи сорбитол, кој е соединение на шеќер што предизвикува течна столица. Друга честа причина за ваквите проблеми е содржината на ликопен, пигментиран антиоксиданс кој и дава боја на лубеницата.

2. Може да го зголеми нивото на гликоза

Ако сте дијабетичар, големи се шансите дека премногу лубеница може значително да го зголеми нивото на шеќер во крвта. Иако е здрава, има висок гликемиски индекс (72).

3. Може да го зголеми ризикот од воспаление на црниот дроб

Луѓето кои редовно пијат алкоxол треба да избегнуваат големи количини на лубеница бидејќи високото ниво на ликопен може да реагира со алкоxолот и дополнително да предизвика воспаление на црниот дроб. Прекумерниот оксидативен стрес на црниот дроб може да биде штетен.

4. Може да предизвика прекумерна хидратација или интоксикација со вода

Интоксикација со вода или прекумерна хидратација е состојба кога вашето тело има вишок вода во него, што доведува до губење на содржината на натриум. Консумирањето големи количини лубеница може да го зголеми нивото на водата во вашето тело.

Ако вишокот вода не се излачува, тоа може да доведе до зголемување на волуменот на крвта, што дополнително предизвикува отекување на нозете, исцрпеност, оптоварување на бубрезите итн. Тоа може да доведе и до губење на нивото на натриум во телото.

5. Може да предизвика кардиоваскуларни проблеми

Познато е дека лубеницата е одличен извор на калиум, кој е витална хранлива материја со бројни улоги во одржувањето на здравјето на телото. Помага во одржување на функцијата на електролитите, го одржува нашето срце здраво и ги прави нашите коски и мускули посилни.

Сепак, премногу калиум може да доведе до кардиоваскуларни проблеми како што се неправилно чукање на срцето, слаб пулс итн.

Колку лубеница можете да јадете на ден?

Според нутриционистот и физиолог Ритеш Баври, „100 грама лубеница има околу 30 калории. Со оглед на тоа дека најголемиот дел од неговата содржина е вода, лесно е да се изеде дури и 500 грама, што значи дека штотуку сте изеле 150 калории.

Бидејќи е лесна за стомакот, може да не се чувствувате сити, што ќе ве натера да јадете повеќе отколку што треба, како и да посегнете по друга храна после неа, бидејќи не ви е доволна.

Исто така, има шест грама шеќер на 100 грама, така што 500 грама лубеница ќе ви дадат 30 грама шеќер. Идеално е за повеќето луѓе да јадат помеѓу 100 и 150 грама шеќер дневно од сите намирници заедно. Шеќерот од лубеница ви го зголемува овој број“.