HЕМА КОЈ НЕ ГИ CAКА…Кога правам АЧМИ дома ни е празник…Овој метод е наједноставен и најбрз…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, мала чаша 100 мл):

3 супени лажици шеќер (60 г)
1 кесичка сув квасец (10 г)
1 чаша млако млеко (200 мл)
1 чаша млака вода (200 мл)
1 лажичка оцет 10 мл (тајна состојка)
2 белки на собна температура
1 мала чајна чаша масло (100 мл)
6 чаши брашно (720 г)
1 лажичка сол ( 8 г)

И уште:
100 г путер
2 жолчки

ПОСТАПКА:

1.Шеќерот, квасецот, млекото и водата убаво измешајте ги. Додадјте белки, оцет и масло и повторно измешајте.

2.Започнете да додавате малку по малку брашно и посолете за да замесите меко тесто што не се лепи.

3.Покриеното тесто оставете го да ферментира 45 минути. Од стасаното тесто направете 12 еднакви топчиња.

4.Секое развлелете го по должина како елипса, посипете малку брашно за да не ви лепи, па намачкајте ги со омекнат путер.

5.Секоја кора сввиткате ја во форма на долг ролат. Исечете го по должина за да добиете две ленти, па спирално обвиткајте ги двете.

6.Краевите спојте ги за да добиете прстен. Вака приготвените ачми наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Покријте ги и оставете ги да одморат 15 минути.

7.Премачкјате ги со изматени жолчки (може да додадете една лажица млеко или масло) и печете ги во загреана рерна на 190 степени 20-тина минути или додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.